Промил (од лат. pro mille = „по илјада“) — една десеттина од процент (постоток), или еден дел од една илјада. Знакот за промил е ‰ (Уникод U+2030), кој изгледа како знакот за процент (%) со уште една нула на крајот. Може да се замисли и како стилизиран облик на трите нули во именителот, иако фактички води поеткло од знакот за процент.
Еден промил е еднаков на: 1‰ = 10−3= = 0,001 = 0,1% 1% = 10‰
Промилот не треба да се помеша со милионитиот дел (мд или ppm), чијшто именител е бројот 1.000.000, а не бројот 1000.
Примери мини|лево|Железнички знак во Чешка со 20‰ наклон, еквивалентно на 2% Најчести примени на промилот:
Концентрација на алкохол во крвта (во некои земји) Соленост на морската вода. На пример „просечната соленост изнесува 35‰“ Наклон на тунел или пруга (во некои земји) Наталитет и морталитет на населението просечно удари во бејзболот, разговорно Во контекст на оданочувањето на имотот во САД и Канада
Сродни единици Процент (%) 1 од 100 Базна точка () 1 од 10.000 делови од милион
Наводи
Категорија:Математички поими Категорија:Типографски знаци Категорија:Математички знаци Категорија:1000 (број)