Хашмаш () — општина во округот Арад во западна Романија, во која живеат 1.460 жители. Се состои од седум села: Хашмаш, Агришу Мик, Ботфеј, Клит, Команешти и Урвишу де Бељу. Административниот центар Хашмаш е оддалечен 87 км од градот Арад.
Демографија Според пописот во 2002 година, во општината живеат 1.460 жители, од кои 96,2% се Романци, 3,6% Роми и 0,2 се припадници на некоја друга етничка заедница.
Историја Во 1968 година, на територија на општината биле пронајдени керамички и железни предмети кои датираат од 1. век и кои потврдуваат дека местото било населено уште од тоа време.
Стопанство Примарна стопанска дејност во местото е земјоделството, а најзастапени се овоштарството, одгледувањето на другите култури, како и живинарството и одгелдувањето на добиток. Во месноста до некој степен развиена е и дрвната индустрија.
Наводи
Категорија:Арад (округ) Категорија:Општини во Романија