Земјотресот во Јушу се случил на 14 април 2010 година. Според Рихтеровата скала, јачината на земјотресот била 6,9Magnitude 6.9 – SOUTHERN QINGHAI, CHINA , usgs.gov. Retrieved 13 април 2010.Mw 6.9 SOUTHERN QINGHAI, CHINA emsc-csem.org accessed 14 април 2010 или 7.1 589 dead, 10,000 injured in 7.1-magnitude quake in China's Qinghai , xinhuanet.com. Retrieved 14 април 2010..Земјотресот се случил во Јушу, во кинеската провинција Чингаи, северозападно од Пекинг, Кина. Замјата започнала да се тресе во 7,49 часот по месно време.http://forum.com.mk/21170 Американскиот геолошки институт потврдил дека половина час по првиот земјотрес следеле уште два послаби со магнитуда од 5.2 и 5.3 степени по Рихтер. Кинескиот центар за земјотреси потврдил дека во Јушу на Тибет, каде живеат околу сто илјади луѓе, имало многу уништени објекти.

Според кинеската новинска агенција Ксинхуа, околу 2,183 луѓе загинале, а 12,135 биле повредени, 84 исчезнати. Епицентарот бил сместен во селото Рима ((日瑪村),) во близина на границата со Тибет. Епицентарот се наоѓа на околу 30 километри од Гиегу, седиштето на покраината, и на околу 240 километри од Камдо.

Според последните информации (14 април), од земјотресот се урнати над 85% од куќите во близина на епицентарот. Повеќе од 5.000 припадници на армијата им се придружиле на спасувачките екипи во обид да им помогнат на настраданите жители.

Наводи

Категорија:Кина во 2010 година Категорија:Земјотреси во 2010 година Категорија:Земјотреси во Кина