Циклонот во Индија се однесува на големата бура која ја погодила Источна Индија на 13 април 2010 година . Бурата траела од 40 минути до 1 час. Според последните информации (15 април) во невремето загинале најмалку 126 лица. Најмалку 81 лица загинале во индиската држава Бихар, 43 во Западен Бенгал, и 4 во Асам. Два смртни случаи биле пријавени во Бангладеш. Поголемиот број од смртните случаи биле жени и деца, задушени кога нивните домови биле уништени. Според соопштението на локалните власти, циклонот целосно уништил 50.000 куќи од кал и трска во Западен Бенгал и најмалку 10.000 во Бихар.http://www.sitel.com.mk/dnevnik/svet/najmalku-85-lugje-zaginaa-vo-ciklon-vo-indija-iljadnici-kuki-urnati Во текот на невремето се урнал ѕид од затворот во дистриктот Арариа, поради што властите морале да преместат најмалку 600 затвореници.

Наводи

Категорија:Индија во 2010 година Категорија:Природни катастрофи во 2010 година Категорија:Природни катастрофи во Индија