Газанфер Бајрам (; , ) — истакнат македонски академски сликар, мозаичар и професор од турска народност.
Животопис Бајрам е роден во Скопје на 17 март 1943 г. Завршил постдипломски студии на Отсекот за монументално сликарство на Академијата за ликовна уметност во Белград. Специјализирал фреско-сликарство и мозаик. Две години работел на Отсекот за мозаик на Академијата за убави уметности во Равена. Мозаиците се изложени во музеи и во приватни колекции во Македонија, Италија, Турција, Канада, САД, Австралија, Бугарија и во многу градови на поранешна Југославија. Автор е на Мозаиците во МНТ во Скопје, во Собранието на Македонија, во ВИП-салата на аеродромот „Александар Велики“. Учествувал на многу групни и самостојни изложби.
Наводи
Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски мозаичари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски Турци Категорија:Членови на ДЛУМ Категорија:Луѓе од Скопје