мини|300x300пкс| Прашањето околу идното проширување на Европската Унија (ЕУ) теоретски е отворено за секоја држава која се наоѓа на европскиот континент, која е демократизирана, земја во која функционира организацијата на слободен пазар и земја која е подготвена да ги спроведе сите претходни закони кои ги налага законодавството на ЕУ.Excluding Chapters 34 (Institutions) and 35 (Other Issues) since these are not legislation chapters. Денеска, Европската Унија претставува наднационална и меѓувладина унија (заедница) на 27 демократски земји-членки. Таа е најголемата конфедерација на независни држави во светот, основана под ова име во 1992 со Мастришкиот договор. Сепак, многу аспекти од Унијата постоеле и пред оваа година преку серија на претходни договори, кои датираат од 1951. Сепак, дали една земја ќе пристапи кон унијата е предмет кој се оценува од страна на институциите на ЕУ.
Постојат пет кандидати за членство во Европската унија: Турција (аплицирала во 1987), Северна Македонија (аплицирала во 2004), Црна Гора (аплицирала во 2008), Албанија (аплицирала во 2009) и Србија (аплицирала во 2009). Сите имаат започнато со пристапните преговори. Косово (чија независност не е признаена од пет ЕУ земји-членки) и Босна и Херцеговина се признаени како потенцијални кандидати за членство во ЕУ. Босна и Херцеговина има формално поднесено апликација за членство, додека Косово има Спогодба за стабилизација и асоцијација (ССА) со ЕУ, што вообичаено претходи на апликацијата за членство. Црна Гора и Србија, како најнапредни кандидати, се очекува да влезат во Унијата непорано од 2022, најверојатно во 2025. Додека другите полека напредуваат, преговорите со Турција се засега замрзнати.
Од четирите главни западно европски земји кои не се ЕУ-членки, Исланд, Норвешка и Швајцарија имаат поднесено апликации за членство во минатото, но ги имаат замрзнато, додека Обединетото Кралство е поранешна членка. Норвешка, Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн учествуваат во внатрешниот пазар на ЕУ и во Шенген-зоната, што ги прави доста блиски со ЕУ. Во 2014, ЕУ потпишува договори за соработка со Грузија, Молдавија и Украина. Европскиот парламент има донесено резолуција која ја признава „европската перспектива“ на сите три земји.
За земјите од Источна Европа, Хедер Граби од Центарот за европски реформи рекол: „Белорусија е премногу авторитарна, Молдавија премногу сиромашна, Украина премногу голема, и Русија премногу страшна за ЕУ која би требало да размисли за понудата за нејзино членство во било кое време." Сепак, Украина покажала силен интерес за членството во ЕУ.
Официјални кандидати
Албанија thumb|Албанија во портокалова боја
Албанија е првата земја официјално признаена како потенцијална земја за кандидат за членство во ЕУ. Земјата во 2006 година го потпишала договорот за асоцијација и стабилизација. Но и покрај тоа, примањето на Албанија во ЕУ зависи главно од нејзината економска и политичка сигурност. Официјално Албанија поднела кандидатура во 2009 година. Советот на ЕУ посакал од Европската комисија да изработи односно да даде оценка за спременоста на Албанија за започнување на преговори со ЕУ. Во извештајот од ноември, 2016, Европската комисија дала препорака ЕУ да ги отпочне пристапните преговори со Албанија. Во Јуни, 2018, Европскиот совет се согласува на отпочнување на преговорите до крајот на 2019.
Пристапувањето на Албанија кон ЕУ е врзано со приклучувањето на Северна Македонија. Албанија мора да исполни неколку пред-услови за започнување на пристапните преговори, како реформирање на судството, нов изборен закон, судење на корумпираните судии и почит кон човековите права на тамошното грчко малцинство. Во мај, 2019, европскиот комесар Јоханес Хан ја потврдува препораката. Сепак, во јуни, Унијата одлучува уште еднаш да ги одложи преговорите, поради преговори од Холандија и Франција. Ставено е повторно вето во октомври истата година. На 25 март, 2020, Европската унија одлучува да ги почне преговорите.
Македонија
thumb|Република Македонија во портокалова боја Македонија аплицирала за членство во ЕУ на 22 март 2004 година. На 9 ноември 2005 година, Европската комисија на Македонија решила да и додели статус на кандидат. Така, на 17 декември 2005 Претседателството на Европскиот совет во Брисел на Македонија и доделила статус на кандидат за членство во Европската Унија. Сепак, датум за започнување на преговори со ЕУ Република Македонија сѐ уште не добила.
Република Македонија, по конфликтот од 2001 година, денеска мирот се одржува главно поради спроведувањето на Охридскиот договор, според кој етнички Албанци добиле големо автономно управување. За разлика од Србија, Македонија успеала да го задржи својот суверенитет над целата своја територија. Премиерот Никола Груевски изјавил дела земјата ќе биде подготвена да се приклучи кон унијата во 2012 или 2013 година. Сепак, ЕУ не се сложува околу наведениот период. На 17 декември 2005 година, Европскиот совет ја поздравила земјата за нејзините достигнувања во спроведувањето на поголем број на реформи (Критериумите од Копенхаген, Стабилизација и асоцијација, Охридскиот договор).Presidency Conclusions – Brussels, 15/16 декември 2005, 15914/05 7, EN
Можеби најголемиот проблем на земјата околу започнувањето на преговори со ЕУ е спорот со името со соседна Грција. Грција го отфрла името Македонија бидејќи според неа, тоа имплицирало територијални амбиции кон сопствената територија на Грција односно северниот дел на провинцијата Македонија. Поради тоа, ЕУ земјата ја нарекува "Поранешна Југословенска Република Македонија" (ФИРОМ). Решавањето на проблемот со името станало услов за пристапување кон унијата,. Грција, постојано потврдува дека ќе го искористи своето право да го блокира пристапот без претходно да биде најдено решение.Greece threatens Macedonia NATO veto - Yahoo! News UK, односно изјавува дека ќе употреби вето, исто како што го употребила при блокадата на земјата за влез во НАТО пактот. Други позначајни тешкотии со кои се среќава Република Македонија е остварувањето на европски стандарди на владеење на правото и економијатаViolence Erupts in Macedonian Election.
Молдавија
Владата на Молдавија изјавила дека земјата има европски аспирации и покрај тоа што има мал напредок во голем број на сфери. Нерешениот територијален спор односно интегритет со Приднестровие е главната пречка за каков било напредок на земјата. На 6 октомври 2005 година, ЕУ ја отворила својата постојана мисија во Кишинев, главниот град на Молдавија. Денеска земјата се стреми кон зачленување во ЕУ и е во спроведување на својот прв тригодишен акционен план во рамките на Европската политика за добрососедство.
Потпишувањето на договорот за партнерство и соработка била првата правна врска помеѓу ЕУ и Молдавија. Спогодбата била потпишана на 28 ноември 1994 година и стапила во сила на 1 јули 1998 во траење од 10 години. Договорот предвидува соработка од политички, комерцијални, економски, правни, културни и научни области.
Во август 2009 година, четири молдавски партии се согласиле да се создаде владејачка коалиција, наречена Алијанса за Европска Интеграција. Либерално демократската партија, Либералната партија и Демократската партија, се обврзиле да се постигне таква цел. Некои политички партии во рамките на Молдавија и Романија се залагаат за обединување на двете земји. Такво сценарио според тие партии предвидува Молдавија да стане член на ЕУ преку Романија, но сепак проблемот околу Приднестровие ќе остане.
Србија thumb|Србија во портокалова боја
Србија, по распаѓањето на сојузот со Црна Гора, започналча преговори околу можното членство на земјата во ЕУ. На 29 април 2008 година, земјата го потпишала договорот за асоцијација и стабилизација со ЕУ. По ова, српскиот претседател побарал Србија да стане официјален кандидат за членство во ЕУ, кон крајот на 2008 година.Сепак, Холандија откажала да го ратификува договорот сè додека не биде испорачан Ратко Младиќ пред судот во Хаг. Во почетокот на 2009 година земјата започнала да ги исполнува главните барања од ЕУ. Ефектите од работата на српските власти остануваат да бидат оценети од Европската комисија. И покрај неуспесите во областа на политиката, Србија добила на 19 декември безвизен режим, и официјално подала молба за членство на 22 декември 2009 година..
Турција
thumb|Турција во портокалова боја
Статусот на Турција во однос на нејзиното приклучување кон ЕУ во последните години е едно од најделикатните и најсериозните противоречија во последните години. Преговоритње за зачленување во ЕУ Турција ги започнала во 1987 година. Во текот на историјата, по десетте земји, основачи на ЕУ, Турција била една од првите земји која станала член на Советот на Европа во 1949 година. Исто така, Турција била една од основачите на Организацијата за безбедност и соработка на Европа во 1973 година и Организацијата за економска соработка и развој во 1961 година. Од 1992 година земјата е член на т.н. Западноевропска унија. Во 1995 година земјата потпишала царински договор за соработка со Европската унија (англиски: European Union–Turkey Customs Union).
Во 1999 година Турција формално била признаена како земја кандидат за членство во ЕУ на самитот на Советот на Европа во Хелсинки. Преговорите службено започнале во 2005 година заедно со Хрватска. Турција денеска има седма по големина економија во Советот на Европа и петнаесетта во светот по големина,The World Bank: World Development Indicators Database. Last revised on 24 април 2009.. Таа е дел од Царинската унија по потпишување на договорот од 1996 година со ЕУ, член и основач на Г-20 како земји со најголеми економии во светот и тесни врски со ЕУ, член на Western European and Others Group во ООН.
Голем број на поддржувачите на земјата кон нејзиното приклучување во ЕУ сметаат дека Турција претставува клучна регионална сила"Turkey and Russia on the Rise", by Reva Bhalla, Lauren Goodrich and Peter Zeihan. - Stratfor, 17 март 2009.Stratfor: "The Geopolitics of Turkey", by George Friedman. 31 јули 2007. со голема и развиена економија и втората по големина воена сила во НАТОThe Economist: "Turkey, America and Europe: Who is losing Turkey?". Нејзиното приклучување во ЕУ, според нејзините поддржувачи, би означувало засилување на позициите на ЕУ како глобален геостратегиски играч. Турција е земја која, поради својата местоположба има големо политичко, економско, културно и историско значење за регионот. Во нејзина непосредна близина се наоѓаат Средоземно Море и Црно Море, Блискиот Исток, Касписко Море и Средна Азија.
Според Карл Билд, министер за надворешнји работи на Шведска, приклучувањето на Турција кон ЕУ би дало решавачка улога за стабилноста на регионот околу Средоземно Море и би имало стратегиски големи интереси за Европа. Еден од најголемите поддржувачи на Турција за нејзината кандидатура е Обединетото Кралство. Во мај 2008 година, Елизабета II, при нејзината посета на Турција изјавила дека земјата претставува уникатен мост помеѓу истокот и западот како исклучителен пат на ЕУ кон светот воопшто.Hürriyet: Britain's Queen Elizabeth's visit to Turkey continues. hurriyet.com.tr Link accessed 2008-05-15 Поддржувачите исто така сметаат дека Турција исполнува голем дел од условите за приклучување. Некои тврдат дека ЕУ повеќе нема да може да и откаже на Турција бидејќи таа имала откриена кандидатура која трае веќе 40 години, а од друга страна пак во земјата се подобриле правата на човекот.