thumb|300px|Споменик во Катин. Катинскиот масакр или масакрот во Катинската шума (, 'Катинскиот криминал'; ) е масовно погубување на полски граѓани што го наредила советската власт на 5 март 1940 година.Benjamin B. Fischer.The Katyn Controversy: Stalin's Killing Field Официјално мрежно место на ЦИА Проценките за бројот на убиени лица се движат од 1803 (според руската влада) до 21 768 (според полската владаОдлуката за отпочнување истрага за Катинскиот масакр, Малгожата Кижњар-Плота, Државна комисија за прогонување на злосторствата против полскиот народ, Варшава 30 ноември 2004 година, (Интернет архива)). Полските воени заробеници и затвореници биле убивани во Катинската шума крај Твер (рус. Тверь), харковските затвори и на други места.Податоци од Шелпиновото писмо до Хрушчов и советски податоци од 3 декември 1941. Околу 8000 од убиените биле офицери заробени во 1939 година за време на советскиот напад на Полска, додека останатите биле полски граѓани - земјопоседници, жандарми, сопственици на фабрики и државни службеници — осудени за шпионажа и саботирање. Полскиот воен систем налагал секој кој поседувал универзитетска диплома да биде резервен офицер, така што Советите на овој начин убиле голем број на полски интелектуалци.
Најпрво името „Катински масакр“ се однесувало само на масакрот во Катинската шума, близу до селото Катин и Гнездово (на 19 km западно од Смоленск, Русија), извршен над полските офицери кои се наоѓале во логорите за воени заробеници во Старобелск и Осташков,Zawodny, Janusz K., Death in the Forest: The Story of the Katyn Forest Massacre, University of Notre Dame Press, 1962, ISBN 0-268-00849-3 онлајн книга како и на убиството на политички затвореници во западна Белорусија и западна Украина кои се стрелани во Катинската шума по наредба на Сталин, потоа во штабот на НКВД (рус. Народный комиссариат внутренних дел) во Смоленск при т. н. Смоленска кланица и во затворите Калинин (Твер), Харков, Москва и други руски градови.
До Катинскиот масакр се дошло по одлуката на Политбирото на ЦК на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз од 5 март 1940 година да се убијат сите воени заробеници кои НКВД ги држел во логорите на територијата на СССР. Масакрот е извршен во строга тајност, но веќе во 1943 година се откриени масовните гробници во Катин на просторот кој привремено го окупирала Нацистичка Германија. Советскиот Сојуз ја негирал одговорноста за извршувањето на масакрот сè до 1990, кога е објавено дека тајната полиција на НКВД го извршила масакрот и се обидела да ги сокрие доказите за него.BBC вести: Русија ги објави документите за масакрот, 16 декември 2004. на интернет Овој масакр, по мислењето на Институтот на народното сеќавање (пол. Instytut Pamięci Narodowej), поради идеолошките позадини, како и големиот број на жртви, може да се смета за геноцид (злосторство против човештвото). Официјална Русија го отфрлува ваквиот став, меѓу другото, и поради стравувањето дека семејствата на убиените би можеле да бараат оштета. Руската власт го призна злосторот, но не го означи како геноцид, масакр или воено злосторство. Полската влада и денес инсистира на тоа да се казнат преживеаните учесници од ова дело.Статија на Мосњуз: Катинскиот масакр не беше геноцид — Руски воен судија, 11. 03. 2005. online Русија исто така не ги вброи убиените меѓу жртвите на сталинистичката репресија.
Поврзани содржини Авионска несреќа кај Смоленск во 2010
Наводи
Категорија:Историја на Полска Категорија:Историја на Русија Категорија:Масакри во Русија Категорија:Масакри врз Полјаци