Кртовите (научно: фам. Talpidae) образуваат група на цицачи од редот Soricomorpha.Hutterer, R. (2005). In: D .E. Wilson, D. M. Reeder (eds.), Mammal Species of the World (3rd ed.). Baltimore: Johns Hopkins University Press, 2 vols. (2142 pp.). pp. 220–311. ISBN 978-0-8018-8221-0. Тие се широко распространети во Европа и Северна Америка (од Јужна Канада до Северно Мексико). Во северните делови од Евроазија достигнуваат до 63° с.г.ш.
Надворешен изглед и прилагодби thumb|250px|left|Ѕвездонос крт. Кртовите се мали до средно големи цицачи: должината на телото се движи од 5 до 21 cm, тежат меѓу 9 и 170 g. Тие (освен видот Neurotrichus gibbsii, кој живее на површината) се приспособени за подземен ријачки начин на живот. Телото им е издолжено, округло, прекриено со густо, мазно и кадифено крзно. Крзното на кртовите има уникатна одлика — нивните влакна растат исправено, а не ориентирани во определена насока. Ова му дозволува на кртот да се движи лесно под земјата во било која насока — влакната слободно се поставуваат и напред и назад. Бојата на кртовите е монотона, црна, кафеава или темносива. Нозете се кратки, шепите се лопатовидно раширени; канџите се големи со зарамнет врв. Задните екстремитети се обично послаби од предните. Опашката е кратка. Главата е мала и издолжена. Носот е издолжен во подвижна рилка. Вратот е речиси невидлив. Ушни школки отсуствуваат или се многу мали. Видот кај кртовите е слаб; кај некои видови очите се затскриени со кожа. Добро се развиени сетилата за мирис и допир.
Черепот е долг, конусен, со многу тенки зигоматски лакови. Бројот на забите изнесува од 33 до 44. Бројот и градбата на забите се користи при определување на родовите. Прешлени: вратни 7, градни 13-14, карлични 5-6, крстни 5-6 и опашни 8-27. Коските, особено оние од раменскиот појас, се широки и силни. Клучната коска се зглобува непосредно со раменската (кај другите цицачи — со израстокот на лопатката). Карличните коски се долги и тесни. Кај мажјаците има пенисна коска, која е позната како бакулум.
Екологија
Кртовите живеат во најразлични предели, а претпочитаат станишта со влажни почви кои се лесни за копање (риење). Повеќето видови водат подземен начин на живот, копаат тунели и се хранат со подземни безрбет, а поретко и со делови од растенија. Поради посебната градба на предните екстремитети, приспособени за копање и риење на почвата, многу кртови лазат по површината. Некои видови во потрагата по храна излегуваат на површината или водат надземен начин на живот. Активни се преку целиот ден и ноќта, или само навечер и ноќе. Поради високиот степен на метаболизам, кртовите се многу ненаситни по храна. Обично живеат поединечно.
Значење за човекот десно|мини|300п|Шепа од преден екстремитет на европскиот крт. мини|десно|300п|Ископини од крт. Кртовите се корисни, ја раскопуваат почвата и со тоа придонесуваат за нејзината аерација и влажност. Тие уништуваат голем број на безрбет кои се сметаат за штетници во земјоделството и шумарството. Некои кртови предизвикуваат штета, ги јадат дождовните црви и корењата на градинарските и овошните култури.
Систематика
Семејството се состои од 15 родови, во кои има околу 40 видови.
Потсемејство вистински кртови — Talpinae. Се среќаваат во Евроазија и Северна Америка. Ѕвездоносни (ѕвездорилкови), ѕвездести кртови (Condylura) Euroscaptor Могери (Mogera) Nesoscaptor uchidai Американски планински крт (Neurotrichus gibbsii) Влакнест крт (Parascalops leucura) Белоопашест крт (Parascaptor leucura) Источноамерикански крт (Scalopus aquaticus) Западнокинески крт (Scapanulus oweni) Западноамерикански крт (Scapanus) Краткоусен крт (Scaptochirus moschatus) Долгоопашест крт (Scaptonyx fusicaudus) Обичен крт (Talpa) Јапонски горски крт (Urotrichus)
Потсемејство планински кртови — Uropsilinae. 4 вида, распространети во Тибет и Кина: Планински крт (Uropsilus)
Кртовите како мотив во уметноста „Крт“ - краток расказ на македонскиот писател Петар Т. Бошковски.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 63. „Се прочул кртот по светот со занаетот“ — песна на македонскиот поет Васе Тодоров - Шлеговец.Васе Тодоров - Шлеговец, Магија на детството. Скопје: александар & александар, 2000, стр. 28.
Други подземни животни Австралиски торбарски кртови; Златокртови, семејство од редот тенрековидни; Глодачките семејства на ровчици и слепи кучиња.
Надворешни врски
Семейство Кроты КРОТЫ - ВИДЫ — TALPIDAE
Наводи
Категорија:Цицачи