десно|180п|Логото на УНАСМ Унијата на независни и автономни синдикати на Македонија (УНАСМ) е синдикална федерација формирана во 1991 година. Создадена е од три независни синдикати: Независен синдикат на ЕМО од Охрид, Автономен синдикат при Рудници и Железарница од Скопје и Независен струков синдикат на машинскиот персонал при Македонски железници. По шест месеци кон нив се приклучи и Самостојниот синдикат на поединечните земјоделски производители на Македонија со седиште во Кочани. УНАСМ во своите редови има 170 Независни базични синдикати и 16 Општински Независни синдикати кои се распоредени во 6 гранкови федерации. Претседател на УНАСМ е Слободан Антовски.
Од 1999 година УНАСМ е член на Светската конфедерација на трудот (WCL), а од 2006 - на Меѓународната синдикална конфедерација (ITUC).
Во 2011 година УНАСМ броеше 5.300 членови.
Наводи
Надворешни врски Службена страница на УНАСМ Блог на УНАСМ Младинска синдикална организација при УНАСМ
Категорија:Појавено во 1991 година во Македонија Категорија:Синдикати во Македонија