Свети Илија — главна селска црква во тетовското село Стенче, Македонија.

Според извршен мониторинг на ИКОМОС Македонија во 2023 година, состојбата во внатрешноста на црквата е лоша, особено нејзиниот живопис.

Местоположба

Црквата се наоѓа во горниот дел на селото Стенче, зад последните куќи на селото, на локалниот асфалтен пат кој води кон селото Гургурница.

На ридот спроти црквата се наоѓаат селските гробишта.

Историја

Денешната црква била изградена во 1867 година, на местото на помала трошна црква.

И во средниот век е спомената црква „Св. Илија“, која се наоѓала на истото место, бидејќи е опишано дека е сместена на падините на Сува Гора. Црквата била приложена на тетовскиот манастир „Св. Богородица“.

Црквата била и цел на кражби.

Архитектура

Градбата на црквата е трикорабна базилика,Цветковски, Сашо. Аврам Дичов, Струга, 2011, с. 27. со полукружна апсида на источната страна и пространа галерија од северозападната страна. Централниот кораб е одделен од страничните со колонада од по три столбови со капители поврзани меѓу себе со полукружни аркади. Над трите кораби се поставени дрвени таваници, при што централната е декорирана со резба и е нешто повисока од страничните.

Црквата од западната и делумно од северната страна првобитно имала отворен трем, кој во 1960-тите година бил затворен. Во поново време, пред влезот во тремот е изградена камбанарија.

Фрескоживопис

Во црквата постои фрескоживопис, кој бил насликан во периодот 1867-1882 година од страна на Петар Новев и Аврам Дичов.Грозданов, Цветан. Дичо Зограф и неговите ученици во црквата Свети Илија во Стенче, Гостиварско, в: Цветан Грозданов. Уметноста и културата на XIX век во Западна Македонија, МАНУ, 2004, стр. 78.

Икони и иконостас

Црквата поседува дрвен иконостас.

Во црквата се наоѓаат 4 оригинални икони на Дичо Зограф („Исус Христос Вседржател“, „Богородица Одигитрија“, „Св. Јован Претеча“ и „Вознесение на Св. Илија“) насликани во 1866 година.ГРОЗДАНОВ, Цветан; Дичо Зограф и неговите ученици во црквата Свети Илија во Стенче, Гостиварско / Цветан Грозданов. Иконите во 2001 година биле дадени на конзервирање во Заводот за заштита на споменици на културата, но кога иконите биле вратени, селаните го обвиниле тогашниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Војо Михајловски за кражба на истите, кои наводно биле заменети со копии. После овој настан вратени се уште други 4 икони („Св. Петар и Павле“, „Св. Маченици Меркурие и Екатерина“, „Три ерарха (Св. Григориј Богослов, Св. Јован Златоуст и Св. Василиј Велики“) и „Св. Петка и Св. Недела“, но биле дело на Аврам, синот на Дичо Зограф.

Галерија

Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Стенче

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Категорија:Храмови посветени на Свети Илија во Македонија Категорија:Дела на Дебарската школа