мини|десно|300п|Спиралната галаксија Вител (Месје 51). Астрономија — наука што се занимава со проучување на природата и движењата на небесните тела: планети, сателити, комети, астероиди, ѕвезди и галаксии. Историја на астрономијата
Љубопитноста на античките народи за денот и ноќта, Сонцето, Месечината и ѕвездите најпосле ги довела до набљудувања со кои небесните тела изгледале дека се движат по еден вообичаен терк. Ова движење се покажало од голема корист при дефинирањето на времето, локацијата и правците на Земјата. Астрономијата всушност потекнала од самите проблеми со кои се соочиле уште првите цивилизации. Античките народи имале потреба од воспоставување на вистинските периоди на садење и жнеење на житата како и за нивните ритуални и религиозни прослави. Движењето на небесните тела им помагало да го мерат времето при долгите патувања на вршење на стоковата размена. Најстарите пронајдени цртежи поврзани со небесните набљудувања датираат од пред 3000 година п.н.е. На самите цртежи кои биле нанесувани на коски, а најчесто на пештерските ѕидови, се наоѓаат претставени соѕвездија како Големата Мечка, Касиопеја онака како што тогаш изгледале. Културата на древните Кинези датира уште од 3000 година п.н.е. кога почнува да се развива нивната астрономија. Тие уште тогаш знаеле да ги предвидат затемнувањата на Сонцето и Месечината, да ги определат рамнодневниците и горната и долната кулуминација. Времето го мереле со помош на сончеви часовници, а воедно се и првите луѓе кои почнале да зборуваат за сончевите дамки кои случјно ги откриле кога прку густиот чад на голем пожар погледнале кон Сонцето. Од периодот од 3000 година п.н.е. се среќаваат и интересни градби меѓу кои се издвојува најстарата астрономска опсерваторија, Стоунхенџ (помеѓу 3000 и 1000 година п.н.е.). Тоа се, всушност, огромни камени блокови кружно распоредени кои се сместени близу Салсбург, Англија. Се смета дека за предисториските луѓе Стоунхенџ претставувал еден вид ритуален споменик. Малку се знае за неговата вистинска функција, но се верува дека неговата структура им овозможувала на неговите градители да ги предвидат положбата на Сонцето, рамнодневниците, затемнувањата и други настани од Сончевиот календар. Месопотамците биле први од античките набљудувачи на ѕвезди кои направиле обид за уредување на деновите, односно месеците во еден постојан временски систем, односно календар. Тие ги делеле светлите тала на небото на подвижни и неподвижни ѕвезди. Петте “подвижни ѕвезди” биле Меркур, Венера, Марс, Јупитер и Сатурн. Подоцна овие тела го добиле името планети (“скитници”). Тие, заедно со Сонцето и Месечината, се движат околу ѕвездената сфера во еден тенок појас кој бил наречен Зодијак. На секое соѕвездие му бил определен период на “владеење” кој се совпаѓал со периодот за кој Сонцето привидно минувало низ тој дел од сферата. Овие соѕвездија подоцна биле именувани од Птоломеј, астроном кој живеек во вториот век од нашата ера, и тоа со следниве имиња: Овен, Бик), Близнаци), Рак, Лав, Девица, Вага, Шкорпија, Стрелец, Јарец, Водолија и Риби. Помеѓу античките народи кај кои се сретнуваат податоци за небесните набљудувања е и цивилизацијата на Маите кои во тоа време го знаеле точното привидно движење на небесните тела. Археолозите веруваат дека Формативниот период на Маите започнал околу 1500 година п.н.е., но врвот на нивните културни достигнувања бил постигнат за време на класичниот период кој траел од 300 до 900 година н.е. Во овој временски интервал Маите имаат создадено уникатна уметност и архитектонски стилови, направено зачудувачки астрономски опсерватории и развиено систем на хиероглифи за бележење на значајните настани. Придонесите од оваа цивилизација продолжуваат да се чувтвуваат во Мексико каде многу туристи ги посетуваат урнатините од времето на Маите, како на пример оние од Посткласичниот град Чиченица. thumb|280px|right|Зодијак тркало:Мозаик од VI век 280px|thumb|Земјата во нејзината орбита околу сонцето предизвикува сонцето да се појави на небесната сфера движејќи се над затемнувањето (црвено) која е навалена на екваторот (сино). мини|десно|300п|Дедал:Кратер на месечината
Астрономски рекорди Најниска опсерваторија- овој телескоп се наоѓа во рудникот Хоумстејк, 1.5 км под земјата во американската држава Јужна Дакота. Во него се набљудуваат ситни честички од вселената, неутрини, кои без проблеми минуваат низ Земјата. Нивното минување се следи со помош на голем резервоар исполнет со посебна течност. Најголема параболична радио антена- има пречник од 305 метри а претставува дел одрадиотелескопот Аресибо. Изградена е во природното врталиште во ридовите на Порторико. Најстарата сочувана опсерваторија е Чомсунг-Дае во местото Кјонџу, во Јужна Кореја, изградена околу 632 година. Телескопи мини|десно|300п|Радиотелескоп во Ново Мексико Рефракторски телескоп - Големата стаклена леќа( објектив) ја собира светлината од ѕвездите во лик кој се создава во центарот (окулар)го зголемува тој лик. Бидејќи во овој телескоп доаѓа до рефракција(прекршување) на светлината, затоа се нарекува рефракторски телескоп. Рефлекторски телескоп - Тој не ја собира светлината со леќа, туку со закривено(параболично) огледало на дното на цевката а потоа го фокусира на малото огледало кое го свртува кон објективот. Полесно е да се направи големо огледало отколку голема леќа. Во денешно времеденешните најголеми телескопи се рефлекторските, со кои се набљудуваат и најоддалечените ѕвезди. Камерата на Шмит - овој телескоп го пронашол естонскиот оптичар Бернард Шмит. Тоа е всушност рефлекторски телескоп со сферно огледалопри што пред огледалото се поставува посебна избрусена стаклена плоча. Таа ги поправа грешките на огледалото и со тоа овозможува снимање под многу жироок агол, што е многу важно при картирањето на небото. Астрономски мерки Светлосна година - тоа е растојание кое светлината го минува за една година. Со оваа единица се мерат големите растојанија, а изнесува 9461 милијарда километри. Светлината од галаксијата IC 4294 која денес ја гледаме, тргнала од својот извор пред 117 милиони години, кога на земјата шетале диносаурусите. Паралакса - Доколку ја набљудуваме ѕвездата од двата краја на патеката на Земјата ќе забележиме дека ја сменила својата положба во однос на најоддалечените ѕвезди. Таа промена на аголот ја нарекуваме паралакса и со нејзина помош можеме да ја пресметаме оддалеченоста на секоја ѕвезда. Набљудувачки инструменти На телескопите за набљудување на видливата светлина можат да се проучуваат само некои бранови должини кои доаѓаат од вселената. Телескопите кои фаќаат друѓи бранови должини од електромагнетниот спектар им овозможуваат на астрономите да создадат поцелосна слика за вселената. Занимливости Астронаутски костум-Вселенските костуми (скафандер) мора да бидат отпорни, за да го штитат астронаутот од ситните метероиди. Повеќето од нив имаат вграденосистеми за ладење, како и затемнети рефлектирачки визири кои ги штитат астронаутите од сјајот на Сонцето. Вселенските костуми на Земјата се многу тешки, но на вселената немаат тежина. Вселенски рекорди-Најдолгиот престој( без прекинување) го остварил рускиот космонаут Валериј Пољаков,кој во вселенската станица Мир поминал 417 дена и 17 часа во периодот од јануари 1994 година до март 1995 година. Првиот брачен пар во вселената биле Американците Марк Ли и Џуди Дејвис, на вселенскиот шатл Ендеавор во септември 1992 година. Вселенска станица-Благодарејќи и на вселенската станица, астронаутите можат долго да живеат и работат во вселената. Научни опити, невозможни за на Земјата во вселената можат да траат со месеци па и со години. Станиците се големи за веднаш да се пренесат на вселената, па се составуваат од делови донесени од повеќе ракети. Вавилонска астрономија Иако Египќаните, Маите и Кинезите развиле интересни карти на соѕвездија, како и корисни календари, сепак културата на Вавилонците бележи поголеми достигнувања. Вавилонската цивилизација растела од XVII до VI век п.н.е. За да го усовршат нивниот календар, тие ги проучувале движењата на Сонцето и Месечината. Тие го назначиле денот после младата месечина за почеток на секој месец. Околу 400 година п.н.е., период кога Вавилон е дел од Персија, вавилонските астрономи забележале дека привидните движења на Сонцето и Месечината од запад кон исток околу Зодијакот немаат постојана брзини. Овие тела наизглед се движат со брзина која расте сè до половината на нивната ротација до одреден максимум по што нивната брзината опаѓа на својот минимум. Вавилонците се обиделе да го претстават овој циклус аритметички со тоа што на Месечината ‘и дале фиксна брзина на движење за време на едната половина од нејзиниот циклус, а различна фиксна брзина за другата половина од циклусот. Подоцна тие го усовршиле математичкиот метод со тоа што ја претставиле брзината на Месечината како фактор кој линеарно расте од минимум до максимум за време на првата половина од револуцијата, за потоа да опадне на минимумот до крајот на циклусот. Со овие пресметки на месечевите и сончевите движења Вавилонските набљудувачи на ѕвезди можеле да гопредвидат времето на младата месечина и воедно првиот ден од месецот. На сличен начин биле пресметани и планетарните позиции претставени заедно со нивните повратни и вообичаени движења кон исток. Веројатно е дека од оваа цивилизација потекнуваат астрономите кои го измислиле системот на пресметки.
Старогрчка астрономија мини|десно|Ератостен Цивилизацијата на Старите Грци се развивала од околу 1400 до 300 година п.н.е. Ним им се припишуваат значјни теоретски придонеси за астрономијата. Во самата “Одисеја” на големиот Хомер се споменуваат ѕвездени групи како Големата Мечка, Орион и Плеадите, при што е опишана функцијата на ѕвездите како водич во навигацијата на луѓето. Во една од своите поеми познатиот старогрчки поет Хесиод ги информира фармерите за тоа кое оѕвездие изгрева пред мугри во различни годишни времиња назначувајќи го најпогодното време орање, садење и жнеење. Важни научни придонеси се поврзуваат со Талес од Милет и Питагора од Сабос, но никакви пишани дела не се сочуавни од овие старогрчки филозофи. Постои легенда, чие потеко буди сомнежи, дека Талес точно го предвидел затемнувањето на Сонцето во мај 585 година п.н.е. Околу 450 година п.н.е. Филолас, еден од следбениците на Питагора, верувал дека Земјата, Сонцето, Месечината и планетите се движат околу централен оган. Околу 370 година п.н.е. астрономот Евдокс ги објаснил набљудуваните движења врз претпоставката дека огромна сфера, која ги носи на својата вдлабната страна ѕвездите, се движи околу Земјата со дневна ротација. Додека, пак, за објаснување на движењата на Сонцето, Месечината и планетите, сметал дека внатре во сферата постојат други провидни сфери меѓусебно поврзани на ралични начини. Најверојатно најоригиналниот антички набљудувач на небото бил Аристарх од Самос. Тој верувал дека движењата на небото можат да се објаснат со хипотезата дека Земјата се свртува околу својата оска еднаш на 24 часа и заедно со другите планети се врти околу Сонцето. Ова објаснување било отфрлено од многу старогрчки филозофи кои ја сметале големата, тешка Земја за статична топка околу која кружи светлината како безмасивно тело. Оваа, пак, теорија, која е позната како геоцентричен систем, останува виртуелно непредизвикана околу 2000 години. Аристарх, исто така, го измерил и полупречникот на растојанијата од Земјата до Сонцето и до Месечината. Математичарот, астрономот и географот Ератостен (доле) (276 - 194), кој пред сè бил голем филозоф и логичар, стигнал дотаму што успеал со голема точност да го одреди полупречникот на Земјата.