Ова е статија за електраната. За езерото видете тука. За други значења тука мини|десно|250п|Поглед на електраната
ХЕЦ „Глобочица“ — хидроелектрана од деривационен тип по горното течение на реката Црн Дрим, односно на истоименото езеро.„50 години македонско електростопанство“. Скопје, 1995.
Особености Браната е на околу 22 км северно од Струга. Акумулацијата е за неделно израмнување на водите. Доводот на водата до турбините е со тунел долг 7.721 м. Градена е во периодот 1961–1965 година,Ј.П. „Електростопанство на Македонија“, Скопје, 1999.'' а со работа започнала во 1965 година. Има два еднакви агрегата со вкупна инсталирана моќност 42 MW. Турбините се од типот францис. Во периодот 1992–2003 година, просечното годишно производство изнесувало 144,1 GWh, а најголемото било во 1996 година и изнесувало 229,6 GWh.„Електростопанство на Македонија, годишен извештај“. 2003.
Галерија
Наводи
Поврзано Глобочица — езеро Список на електрани во Македонија
Надворешни врски
Профил на електраната на страницата на ЕЛЕМ Можноста на Глобочица
Глобочица Категорија:Глобочица