мини|десно|250п|Цветови на Вилдпретовата волчја опашка Вилдпретова змијоглавка () — двегодишно растение кое достигнува до 3 м во височина. Видот е ендемски на островот Тенерифе, и вирее главно во клисурите на планината Теиде. Растението се нарекува и кула од драги камења, црвена змијоглавка, тенерифска змијоглавка или теидска змијоглавка.Bramwell, D и Bramwell, Z (2001) Wild flowers of the Canary Islands. Второ издание. Editorial Rueda SL, Madrid, Spain ISBN 84-7207-129-4. На шпански растението се нарекува „тахинасте“ (tajinaste).
Распространетост Растението може да се најде во субалпскиот појас, во клисурите на планината Теиде. Бара многу сонце и вирее во суви и пусти предели, но трпи мраз сè до температура од -15 °C.
Опис Ова двегодишно растение во првата година дава густа розета од листови, а во втората исправено соцветие со височина од 1-3 м.
Процут Растението на Тенерифе цути од доцна пролет до раниот период од летото.
Употреба Растението се одгледува во градините за украс, но не трпи ниски температури. Како и другите волчји опашки, ова растение е ценето во пчеларството бидејќи дава многу нектар и полен.
Наводи
Надворешни врски
Информации за Вилдпретовата змијоглавка и форум на одгледувачи
Категорија:Змијоглавка Категорија:Тенерифе Категорија:Сушоотпорни растенија Категорија:Таксони опишани од Џозеф Далтон Хукер