За други значења видете ВМРО (појаснување) ВМРО - ПРАВДА била конспиративна политичка организација во НР/СР Македонија формирана од припадниците на ВМРО-СДРМА во Прилеп со политичка програма: обединета самостојна држава Македонија со парламентарно уредување по угледот на парламентарните држави на Запад, надополнета со заложби за остварување социјалнаправдаСто години ВМРО. Златна книга, Скопје, 1993. Дејноста ја проширила мрежата во Битола, Охрид, Ресен, Скопје, Свети Николе, Штип, Берово, Струмица и во селата, во Малешевско и во Дебрца. Членовите на Организацијата се декларирале како следбеници на Претседателот Методија Андонов-Ченто т.н. „чентовци“. И по честите апсења опстојувала. Организацијата ја проширила својата мрежа и дејноста ( во периодот 1970–1971) во Пиринскиот и во Егејскиот дел на МакедонијаМ. Миноски, Авнојска Југославија и македонското национално прашање (1943–1946), Скопје, 2000. Преку студентската група во Загреб, одржувала врски со Движењето за ослободување на Македонија (ДОМ) во Европа. Дејствувала во периодот од 1948 до 1985 година.

Наводи

Категорија:Народна Република Македонија Категорија:Социјалистичка Република Македонија Категорија:Македонски политички организации