Љупка Апостолова (, - , ) — македонски изведувач на забавни мелодии и водителка.

Животопис Апостолова е родена во Гостивар на 10 јуни 1932 година. Потекнува од музичко семејство. Апсолвирала на Медицинскиот факултет, а дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје. Станала вокален солист на Ритмичкиот секстет во 1953 година, кој професионално ги постави основите на македонската забавна музика. Со Секстетот двапати неделно настапувала во живо на јавни настапи и во Концертното студио на Радио Скопје. Снимила голем број магнетофонски записи со забавни мелодии. Професионалната спикерска кариера ја започнала во 1960 година. До пензионирањето работела и како педагог со младите спикери. Починала во Скопје на 26 јануари 2018 година.Почина Љупка Апостолова, доајен на македонското спикерство

Наводи

Надворешни врски Се­меј­ство за че­ти­ри гла­со­ви - репортажа на вест за семејството Апостолови

Категорија:Луѓе од Гостивар Категорија:Македонски пејачи Категорија:Македонски спикери