Источни Словени се група на словенски народи кои ги населуваат подрaчјата на Источна Европа. Државите во кои Источните Словени сочинуваат мнозинство на население се Белорусија, Русија и Украина. Источните Словени исто така се мнозинство на население во непризнатата држава Приднестровие, која е официјално дел на Молдавија, но таа е фактички независна држава.

Источнословенски народи и етнички групи Белоруси Руси

Во периодот на коминистичката диктатура после Болшевичката револуција во Русија во 1917. година, официјално се признати за посебни нации и :

Украинци (во Царска Русија познати и како Малоруси, во Австроунгарија познати како Русини.

Пишани извори

Многу малку е познато за Источните Словени отприлика до 859та година,датата од која започнува, според Примарната Хроника. Причините за отсуството на пишан јазик (Кирилското писмо,направено околу 863 година беше посебно за Словените) и изолираноста на Источно Словенските територии.Тоа што е малку познато доаѓа од археолошките наоди, странски патописци кои патувале во Киевска Русија, и лингвистичните компаративни анализи на Словенските јазици.

Откриени се неколку Руски документи кои датираат пред 11 век . Најраниот откриен манускрипт со информации за историјата на Киевска Русија е Примарната Хроника, напишана при крајот на 11тиот и почетокот на 12 век. Во неа се спомнати 12 Словенски племенски унии кои, живееле на просторот помеѓу Балтичкото и Црното Море. Овие племенски унии беа Полјаците,Древлјаните, Дреговичите, Радимичите, Вјатичите, Кривичите,Словенците, Дулебите, Белите Хрвати, Северјаните, Уличите и Тиверците.

thumb|340px|left|Источните Словенски племиња во осмиот век

Категорија:Источни Словени