Елица Манева (, ) — македонски археолог и универзитетски професор.

Животопис Манева е родена во Битола на 1 декември 1947 година. Дипломирала археологија на Филозофскиот факултет во Белград во 1972, магистрирала во 1977 од областа на античката археологија, а докторирала во 1991 година на Филозофскиот факултет во Скопје на тема од областа на средниот век. Од 1973 до 1983 година, таа работела како кустос во Заводот и музеј Битола, а од 1983 година како професор по средновековна археологија и ранохристијанска археологија на Институтот за историја на уметноста и археологија на Филозофскиот факултет во Скопје. Вршела научни истражувања на антички и средновековни наоѓалишта (Хераклеја, Битола, Струмица, Демир Капија и др. наоѓалишта во Средното Повардарје). Таа била уредник е на научното списание „Folia Archeologica Balkanica“ на Филозофскиот факултет.

Библиографија Хераклеја: Неколку типови и форми на елинистичка и римска керамика од Хераклеја, Битола, 1977; Средновековен накит од Македонија, Скопје, 1992; Целосен список...

Наводи

Надворешни врски Манева на страната на Филозофскиот факултет

Категорија:Луѓе од Битола Категорија:Македонски археолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски уредници Категорија:Југословенски археолози Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Добитници на наградата „Св. Климент Охридски“ Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Магистри на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Доктори на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“