Битката кај Петра — последната битка во Грчката војна за независност. До летото 1829, Пелопонез, делови од централна Грција и неколку острови биле ослободени од страна на грчките револуционерни сили. Мировниот договор меѓу Високата Порта и револуционерите бил неминовен, но исто така станало и јасно дека наскоро треба да се создаде грчката држава која ќе се состои од ослободените земји. Во август, Аслан бег и Осман Ага тргнале од Атина со сила од 7.000 војници, за да се борат против Русите во Тракија. Грчката армија, под раководство на Димитрос Испилантис го чекал во Петра. Во битката, грците имале загуби од околу десетина војници наспроти стотина на Османлиите. По ова, Османлиската војска се повлекла. По само неколку дена било потпишано примирје.
мини|160px|Принцот Деметриос Ипсилантис; портрет од Спиридон Просалентис|лево
Категорија:Битки на Грција Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Судири во 1829 година Категорија:Европа во 1829 година Категорија:Битки во Грчката војна за независност Категорија:Отоманското Царство во 19 век Категорија:Грција во 19 век