Бузау () е округ во Романија, сместен во средишниот дел на земјата. Главен град на округот е градот Бузау, а значаен е и градот Рамнику Сарат.

Географија Местоположба мини|десно|200п|Кампот на скулптурите Магура Округот Бузау е копнен округ во Романија. Окружен е: на север со: Ковасна; на североисток со: Вранча; на исток со: Браила; на југоисток со: Јаломица; на југ со: Илфов; на запад со: Прахова; на северозапад со: Брашов.

Релјеф Округот се наоѓа во Влашка, поточно во нејзината јужна област Мунтенија. Во округот рече реката Бузау, по кого округот го добил името. Во северната третина, округот се одликува со планински релјеф, каде што се простираат Карпатите. Средишниот дел е богато и плодно подрачје, коешто е густо населено и кон југ постепено преоѓа во Влашката низина.

Демографија Округот спаѓа во групата на окрузи во Романија во кои претежно живее романско население. Според пописот во Романија во 2002 година, Романците сочинуваат 98% од населението во округот, а од останатите најбројни се Ромите.National Institute of Statistics, "Populația la recensămintele din anii 1948, 1956, 1966, 1977, 1992 și 2002"

Наводи

Надворешни врски

Официјално мрежно место

Категорија:Окрузи во Романија Категорија:Држави и територии настанати во 1940 година Категорија:Држави и територии настанати во 1968 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1950 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1938 година