Јован Дебарски — охридски патријарх (последниот во времето на Самуиловото Царство), архиепископ и книжевен деец. Управувал во периодот од 1018 до 1037 година. Потекнувал од Дебарско.Цв. Грозданов, Архиепископот Јован од Дебарско и традицијата за основањето на манастирот Свети Јован Бигорски, зб.: Манастир Свети Јован Бигорски, Скопје, 1994 Претпоставувано дека бил еден од иницијаторите за изградба на Бигорскиот манастир во 1020 година.Ј. Белчовски, Охридската архиепископија од основањето до паѓањето на Македонија под турска власт, Скопје, 1997 По негово барање византиски дела се преведувале на старословенски јазик, како, на пр., Житијата за св. Антониј Велики и за св. Панкратиј Тавроменински.И. Велев, Кирилометодиевската традиција и континуитет, Скопје, 1997
Наводи
Надворешни врски Јован Дебранин како Архиепископ Охридски и прв ктитор на Свештената Бигорска Обител
Категорија:Луѓе од Дебарско Категорија:Охридски архиепископи Категорија:Починати во 1037 година