Плакенска Планина или Пространска Планина — средновисока планина во Југозападна Македонија со динарски правец на протегање СЗ–ЈИ. Највисок врв е Сталев Камен (1.999 м), по којшто некои ја нарекуваат „Плакенска Планина“, а висок е и врвот Коњарник (1.919 м). Други повисоки врвови се: Дупен Камен, Дамов Гроб, Грамада и Црни Врв.Александар Матески, „Плакенска Планина“, Економија и бизнис, година 18, број 219, септември 2016, стр. 106-107.

Во источното подножје на планината се наоѓа селото Прострање, поради што таа се нарекува и „Пространска Планина“. Планината се протега помеѓу долината на Боишка Река и Демир Хисар на исток и котлината Дебрца на запад. Кон југ билото на Плакенската Планина продолжува во Бигла. Геолошкиот состав е претставен со кристалести шкрилци преку кои лежат тријаски варовници. Кон запад течат Голема и Коселска Река, а кон исток Пространска, Вировска Река и Големача, притока на Боишка Река. Планинските страни се под шума, а високите делови под планински пасишта.

Поврзано Мазатар — масив во состав на Плакенска Планина. Дебрца Голема Река (Плакенска)

Наводи

Категорија:Планини во Македонија