Опсадата на Солун од страна на Османлите се одвила од 1422 година до 1430 година. Опсадата била успешна за Османлиите, кои биле раководени од страна на Мурат II. По Битката кај Анкара, Османлискиот султанат влегол во криза. Синовите на Бајазит I започнале војна за престолот. Византија од друга страна го искористила ова, успевајќи да го врати Солун под своја надлежност. Градот Солун бил голем центар во Византија, и втор по големина по Цариград.

По доаѓањето на власт на Мурат II, тој сакал да се одмазди на Византија главно поради тоа што таа била еден од потикнувачите на граѓанската војна која се создала во султанатот. Така, на пристаништето на Солун, Мурат се нашол во 1422 година.John Julius Norwich, Byzantine: The Decline and Fall (Alfred A. Knopf Pub.: New York, 1998) p. 394 За да се заштити подобро, Византија и го дала градот на Венецијанската Република.John Julius Norwich, A History of Venice (Alfred A. Knopf Pub.: New York, 1982) p. 343Mango, Cyril. The Oxford History of Byzantium. 1st ed. New York: Oxford UP, 2002. pg 277 Турците својата опсада ја одржиле до 1430 година кога го нападнале градот а потоа и го зазеле.Lord Kinross, The Ottoman Centuries: The Rise and Fall of the Turkish Empire, p. 85

Наводи

Категорија:Византиско-османлиски војни Категорија:Опсади на Византија Категорија:Опсади на Отоманското Царство Категорија:Судири во 15 век Категорија:Отоманското Царство во 15 век Категорија:Византија во 15 век Опсада Опсада Категорија:Европа во 1430 година