За други значења видете на појаснителната страница мини|Стрежевско Езеро и брана „Стрежево“

Хидросистемот „Стрежево“ е хидросистем во Македонија, изграден во 1982 година за:

наводнување на 20.200 ha од Пелагонија, водоснабдување на Битола и околината, како и дел од индустријата, искористување на хидропотенцијалот на водите и заштита од поплави на дел од Пелагонија.

Основни објекти на хидросистемот се:

ХЕЦ „Стрежево“; ХЕЦ „Биолошки минимум“; ХЕЦ „Довлеџик“; ХЕЦ „Филтерница“; ХЕЦ „Експлоатационен минимум“; Детална цевководна мрежа; Насипна брана „Стрежево“; акумулација од 109 милиони м3; Алиментационен канал – долг 61,5 км, ги зафаќа водите од 7 водотеци од Баба Планина и ги внесува во сливот на реката Шемница; Главен доводен канал – за транспорт и дистрибуција на водата до водокорисниците, со вкупна должина од 44 км; Центар за динамичка регулација – единствен во Македонија, што овозможува непречено снабдување на потрошувачите со вода и елиминирање на загубите на вода по каналот.

Со Хидросистемот управува ЈП „Хидросистем Стрежево“ од Битола.

Наводи

Поврзано Стрежевско Езеро ЈП „Стрежево“ ХЕЦ „Стрежево“

Надворешни врски Општи податоци за системот

Стрежево Категорија:ХС „Стрежево“