Света Троица — главна манастирска црква на Блатечкиот манастир во тетовското село Блаце, Македонија.
Во самата црква се наоѓа изворот „Самовилска Вода“, што претставува и археолошко наоѓалиште, бидејќи таму се наоѓал сакрален објект од старохристијанско време и средниот век. Новата црква е изградена врз тој објект, а самиот извор се смета за лековит и луѓе од разни краишта доаѓаат да го посетат.
Местоположба
Црквата е сместена југоисточно од селото, на падините на Сува Гора. До црквата води земјен пат, кој започнува од главната селска црква „Св. Ѓорѓи“.
Историја
Мештаните најпрвин подигнале капела во 1920-тите години.
Според натписната плоча на самата црква, таа била возобновена во 1978 година и осветена во 1983 година. Во 2002 година, повторно била возобновена.
Архитектура Фрескоживопис
Црквата поседува делумен фрескоживопис во внатрешноста.
Икони и иконостас
Во црквата има мал дрвен иконостас.
Галерија
Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Блаце
Наводи
Надворешни врски
Самовилската вода без нишан не лекува - Репортажа за манастирската црква
Блаце Категорија:Блатечки манастир