Фахрета Живојиновиќ (моминско Јахиќ; изворно: Fahreta Jahić Živojinović или Фахрета Јахић Живојиновић) (, , НР Босна и Херцеговина) позната под името „Лепа Брена“ ― југословенска фолк и поп пејачка, и естраден менаџер. Таа е сопруга на тенисерот Слободан Боба Живојиновиќ.

Рани години Фахрета Јахиќ е родена во Тузла на 20 октомври 1960 година во муслиманско семејство, но пораснала во Брчко. Нејзиниот татко Абид работел како медицински техничар, додека мајка ѝ Ифета била кројачка. Фахрета е нивно трето дете — има брат Фарук и сестра Факета. Живееле скромно, во еднособен стан, но според неа таа имала безгрижно детство и ништо не ѝ фалело.

Уште тогаш бил забележан нејзиниот талент за пеење. Таа најпрво застанувала пред грамофонот и слушала, а потоа го собирала семејството и им ги пеела песните што ги научила. Била темпераментно дете, па така во петто одделение по казна морала да пее на натпреварот Мали градители, каде го освоила првото место со песната на Кемал Монтено Свири и пријателу мој. Основно училиште завршила во училиштето Заим Мушановиќ, каде била првенец на генерација.

Освен за музика, Фахрета била талентирана и за спорт. Била 176 сантиметри висока и тренирала кошарка во локалниот клуб Интерплет, каде нејзиниот тренер Влада Бајер ѝ го дал прекарот Брена.

Набрзо сфатила дека сака да работи со музиката и шоубизнисиот. После успехот на Млади градители, Брена ја забележале членовите на бендот Јудекси и ѝ понудиле да пее со нив. Поминале мал период заедно гостувајќи по игранки и разни настани, а потоа се разделиле. Во 1979 завршила гимназија и се преселила во Белград, каде се запишала на отсекот туризам на Природно-математичкиот факултет.Folkoteka: „Lepa Brena — biografija“

Почеток на кариерата Поради финансиски причини, Брена го напуштила студирањето по една година и се вратила во Брчко, каде почнала да пее за хонорари во домот на култура „Васа Пелагиќ“. Во тоа време новосадската музичка група „Лира шоу“, на чело со Саша Поповиќ, распишале конкурс дека бараат пејачка, и се договориле со Брена да работат заедно. На 5 април 1980 година, и покрај противењето на татко ѝ, Брена заминала со воз во Бачка Паланка, каде имала договорен настап. а првиот настап со групата бил по еден месец, на 6 мај, во хотелот „Турист“. По две години, групата „Лира шоу“ во 1982 година добиле постојан ангажман во хотелот „Парк“ во Нови Сад. Есента 1981 година, групата била ангажирана во Белград, каде Брена снимила ЛП со десет нумери. Таа година, групата го сменила името во „Слатки грех“. Милован Илиќ Минимакс добил снимка од настап на Брена, и во својата емисија Претежно ведро го пуштил со духовити коментари, и ја нарекол лепа.

Во 1983 година, го снима својот втор албум, каде се појавиле песни што станале хитови. Се натпреварувала за југословенскиот избор за Евровизија, а брзо потоа Рака Ѓокиќ станал менаџер и извршен продуцент на групата. Следела првата голема турнеја низ Југославија, 17 концерти во Сава центар, снимање на филмови, како и освојување на „ОСкар на популарноста“. Во 1984 година учествувале на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Сараево, и оствариле серија на концерти низ Европа, САД, Канада и Австралија.Telegraf: „Lepa Brena posle 28 godina peva u Rumuniji!“

Соло кариера Во 1991 година Лепа Брена го снима последниот албум со групата Слатки Грех , албумот не беше многу медиумски експониран поради несраќата на Лепа Брена од ноември 1992 , во која на скијање се здоби со повреди, и нејзината свадба со познатиот тенисер Слободан Живојиновиќ-Боба. По пауза од три години, овој пат самостојно, Брена го објавува албумот Јас немам друг дом и одржува концерт во Белград на стадионот Ташмајдан. Следниот албум Божја казна објавен во 1995 година беше пропратен по турнејата во Македонија. Албум Луда за тобом го издава во 1996 година. Четири години подоцна заедно со групата Слатки грех, го снима нивниот последен заеднички проект Помрачење сунца.

Во ноември 2001 беше киднапиран синот на Брена , Стефан ,после откуп од 2.5 милиони германски марки ,Стефан беше ослободен а набрзо потоа Лепа Брена со семејстовото заминува да живее во САД , со што се создава нов прекин во нејзината кариера. В0 2004 година Лепа Brena го издава својот албумНајдоброто од Лепа Брена со 42 нејзини најголеми хитови , а четири години подоцна и албумот Уџи слободно со 10 нови песни, вклучувајќи ги и новите хитови "Пази коме завидиш" и "Куќа на лаги". Во 2009 година, организира голема балканска турнеја. Новиот албум, наречен Маѓепсан круг (Зачарани круг), Брена го издава во 2011 година. На 20 октомври 2011 година, на нејзиниот 51. роденден, одржа концерт во Белградска арена. Во арената дојде со хеликоптер, а на нејзините песни играа танчери од Операција Триумф.

Филмографија Тесна Кожа (1982) Нема проблем (1984) Камионџиите повторно возат 1 (1983) Камионџиите повторно возат 2 (1984) Ајде да се сакаме 1 (1987) Ајде да се сакаме 2 (1989) Ајде да се сакаме 3 (1990)

Видеографија

Спот Година Режисер Ситније,Циле ситније 1983 Дечко ми је школарац 1984 Играј,Боро,моје оро 1984 Епидемија љубави 1984 Шеик 1985 Хајде да се волимо 1987 Голубе 1987 Сањам 1987 Робиња 1989 Ја припадам увек теби 1989 Југословенка 1989 Имам песму да вам певам 1989 Пожели срећу другима 1989 Четири године 1989 Играј,драги 1989 Јаблане 1989 Let`s fall in love 1989 Тамба,ламба 1990 Ватра се диже 1990 Биће белаја 1990 Боли ме уво за све 1990 Казни га боже 1990 Љубавне игарије 1991 Песма народна 1991 Заљубишка 1991 Ма где баш ти 1994 Два дана 1994 Мушкарци 1994 И да одем иза леђа Богу 1994 Ти не знаш 1994 Ја немам други дом 1994 Мој се драги Енглез прави 1994 Нема лека апотека 1994 Издајице 1995 Шта ће ми живот 1995 Коло,коло 1995 Она или ја 1995 Е,мој Мико 1995 Казна Божија 1995 Луда за тобом 1996 Дејан МиличевиќТи си мој грех 1996 Дејан МиличевиќТакве и Бог чува 1996 Дејан Миличевиќ Нисам ја мали 1996 Дејан Миличевиќ Све ми добро иде осим љубави 1996 Љубав је 1996 Дејан Миличевиќ Помрачење сунца 2000 Дејан Миличевиќ Пази коме завидиш 2008 Visual Infinity Стаклено звоно 2011 Дејан Миличевиќ Метак са посветом 2011 Дејан Миличевиќ Не бих ја била ја 2011 Дејан Миличевиќ Бриши ме 2011 Дејан Миличевиќ Бибер 2011 Дејан Миличевиќ Уради то 2011 Дејан Миличевиќ Уђи слободно 2012 Дејан Миличевиќ Љубав нова 2015 Toxic Жали боже 2016 Toxic Царица 2016 ToxicЗар је важно да л' се пева или пјева 2017 Харис Дубица Болиш и не пролазиш 2017 Харис Дубица Као нова 2018 Харис Дубица Срећна жена 2018 Харис Дубица А како ћу ја 2018 Харис Дубица Одисеја љубави 2019 Игор Кушиќ Добра сам ти била 2024 Петар Пасиќ

Наводи

Категорија:Луѓе од Брчко Категорија:Родени во 1960 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Босански пејачи Категорија:Југословенски пејачи Категорија:Поп-фолк пејачи Категорија:Босанскохерцеговски глумци Категорија:Југословенски глумци