Бадерската Клисура (позната и како Прнарска КлисураТрифуноски Јован. „Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике“. Петти дел. Скопје, 1964 г.) — епигенетска клисура во долниот тек на реката Пчиња. Се протега помеѓу селото Бадер во Скопската Котлина до вливот на реката Пчиња во Вардар во должина од 9,5 км. Таа е всечена во палеозојски шкрилци помеѓу ридовите Каменица (479 m) и Ветерски Рид (508 m), на исток и Мрамор (418 m) и Прнар (489 m), на запад. Во клисурата се изградени изразити вклештени меандри. Низ клисурата минува дел од автопатот Скопје–Велес.

Наводи

Категорија:Клисури во Македонија Категорија:Пчиња (река)