За други значења на поимот Дамјан видете на појаснителната страница Рудникот „Дамјан“ близу Радовиш, е наоѓалиште на железна руда, што ги зазема централните делови од рудниот реон Бучим–Дамјан–Боров Дол.Тодор Серафимовски, Металогенетске карактеристике Fe–лежишта Дамјан (магистерска раб.), РГФ, Белград, 1978 Со истражувања се утврдени резерви од околу 6,5 милиони тони руда со 35% железо. Рудникот во редовна експлоатација бил во периодот 1968–1992 година. Во градбата на ова наоѓалиште учествуваат: палеогени седименти, терциерни вулканити и скарнови. На контактот помеѓу вулканските пробои и палеогениот флиш е создадена моќна скарновска зона со Fe–минерализација.Тодор Серафимовски, Геолошке карактеристике скарновског Fе–лежишта Дамјан, XI конгрес геолога Југославије, Тара, 1986 Fe–оруднувањето е сместено претежно во скаровите, а на места и во чисто варовничките партии на палеогениот флиш. Рудните тела имаат облик на псевдослоеви (издолжени складови и леќи) изградени претежно од компактни магнетитско-хематитски руди.T. Serafimovski and O. Spasovski, Structural-textural characterstics and paragenetic relationships in the Damjan deposit, eastern Macedonia. Geologica Macedonica, Vol. 13, 1999
Во близина на рудникот за железо се наоѓа рудникот Бучим за бакар, злато и сребро.
Наводи
Категорија:Рудници во Македонија Категорија:Економија на Радовиш Категорија:Престаноци во 1992 година во Македонија