Сотир Ристо — поет и прозаист од Република Албанија кој пишува на македонски и албански.
Животопис Роден е на 16 март 1974 година во Леска, Мала Преспа. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје, на Катедрата за општа и компаративна книжевност.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 362.
Книжевно творештво Својот прв роман Ноќ на шепотите го објавил во Албанија (на албански јазик) за престижната издавачка куќа „Теона“. Романот го прикажува животните прилики на Македонците во Албанија за време на режимот на Енвер Хоџа. На македонски јазик ја објавил прозната книга Продолжено образование и други прози.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 362. Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 215-218.
Надворешни врски Нов роман на Сотир Ристо
Наводи
Категорија:Македонци во Албанија Категорија:Македонски писатели Категорија:Албански писатели Категорија:Родени во 1974 година