Call of Duty 2 — историска пукачка игра од прво лице и втората игра од серијалот Call of Duty. Изработена е од страна на Infinity Ward, а издадена е од Activision. Во продажба е пуштена на 25 октомври 2005 за Microsoft Windows и на 15 ноември 2005 за Xbox 360 во Европа и Северна Америка. Направени се и други верзии за мобилни телефони, џебни компјутери и паметни телефони.

Приказната е за време на Втората светска војна и е проследена низ очите на четири војници, еден во Црвената армија, еден во американската армија и двајца во британската армија.

Играта беше добро прифатена од јавноста, со претежно позитивни оценки од критичарите. Верзијата за Xbox 360 има продадено преку 250.000 копии за време на првата недела, а до октомври 2006 има продадено 1,4 милиони.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место

Категорија:Видеоигри од 2005 година Категорија:Игри на Activision Категорија:Call of Duty Категорија:Пукачки игри од прво лице Категорија:Игри за Mac OS X Категорија:Игри за мобилен телефон Категорија:Игри за Windows Mobile Professional Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за Xbox 360 Категорија:Групни семрежни игри Категорија:Пукачки игри од прво лице со Втората светска војна Категорија:Продолженија на видеоигри

de:Call of Duty#Call of Duty 2