Во Македонија има над 160 езера.Godišen zbornik: Annuaire - Faculté des sciences naturelles de l' Université Kiril et Metodij, Skopje. Institut de geographie, Band 17-18 Од нив по природен пат се настанати повеќе од 50, а другите претставуваат вештачки акумулации.
Според начинот на настанокот на езерските базени, тие се делат на: тектонски, урниски, крајбрежноизворски, постглацијални, карстни, органогени и вештачки акумулации.
По своето значење се истакнуваат тектонските езера, како што се: Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.
Природните постглацијални езераезера се делат на: ерозивни, акумулативни и комбинирани. Од нив позначајни се: Боговинското Езеро,Rista Nikolić: "Glacijacija Šar Planine i Koraba“, Beograd, 1912 godina. Големото и Малото Пелистерско Езеро, Црното Езеро, Караниколичкото Езеро, Подгоречкото Езеро и др.
Најниското планинско езеро се наоѓа на височина од 1.565 м (езерото Локув на планината Дешат) Езерото Локув - нова туристичка атракција, а највисокото на 2.470 м (езерото Голем Кораб на планината Кораб).
Засега единствен пример на урниски тип езера во Македонија е Моклишкото Езеро, кое е настанато во долината на Ваташка Река, со урнување на една од долинските страни и со преградување на речната долина.
Единствен пример на крајбрежно-изворски тип езера во Македонија е езерото Острово кај манастирот „Свети Наум“.
Органогените езера се зачувани на мали и ограничени површини во мочуришните терени. Тие се настанати со седиментација на органска материја при уништување на некогашните езера. Нив во минатото ги имало повеќе, а денес позначајни се: Сини Вирој, Новоселски Вир 1, Новоселски Вир 2 (во сливот на р. Сатеска), во Дебрца и на други места.
Вештачките езера претставуваат посебен тип езера кои ги гради човекот и нивната вода се користи за повеќе намени.
Галерија
Тектонски езера
Леднички езера
Природни езера од вулканско потекло
Литература Драган Василевски, Класификација на езерата во Република Македонија според начинот на постанокот на езерските басени, „Географски разгледи“, кн. 30. Скопје, 1995. Наводи
Поврзано Список на езера во Македонија Список на реки во Македонија Реки во Македонија Хидрографија на Македонија
Категорија:Географија на Македонија