right|thumb|200px|Портретот на Мери Шели од Ричард Ротвел бил изложен во Кралската Академија во 1840, со стихови од „Бунтот на исламот“ на Перси Шели, кои ја нарекуваат „дете на љубовта и светлината“.Seymour, 458. Мери Шели (; мом. Мери Волстонкрафт Годвин, ) (30 август 1797 – 1 февруари 1851) била британска писателка на романи, приказни, драми, есеи, биографии и патописка, најдобро позната по готскиот роман „Франкенштајн“ (1818).

Животопис Татко на Мери Шели е англискиот филозоф Вилијам Годвин, а мајка, филозофот и феминистката Мери Волстонкрафт.

Детство

Бат и Марлоу По нивното враќање во Англија во септември, Мери и Перси се преселија - со Клер Келрмонт, која нашла сместување во близина на Бат, каде тие се надеваа да ја задржат во тајност бременоста на Клер. Во Кологнија, Мери Годвин добила две писма од нејзината полу сестра, Фани Ималу, која алудира на нејзиниот „несреќен живот“; на 9 октомври, Фани пишува „предупредувачко писмо“ од Бристол до Перси Шери но без успех.

Утрото на 10 октомври, Фани Иамалу беше пронајдена мртва во соба во гостилницата Свансена, заедно со порака за самоубиство и шише.

На 10 октомври, сопругата на Перси Шели, беше пронајдена удавена во Серпентин, езеро во Хајд Парк, Лондон. И двете самоубиства беа премолчени.

Семејството на Хариет пречеше во напорите на Перси Шели-коишто беа поддржани од Мери Годвин -за надзор на неговите две деца со Хариет.

Неговите адвокати го советуваа да го подобри својот случај со тоа што ќе се ожени; па тој и Мери, која беше повторно бремена, се венчаа на 30 декември 1816 година во црквата Св. Милдред, Бреад Стреет, Лондон. Г-дин и г-ѓа Годвин присуствувале на венчавката која воедно им ставила крај на семејните несогласувања.

Во март истата година, судот донесе пресуда дека Перси Шели е морално неспособен за чување на деца, а подоцна децата беа сместени во фамилија на свештеник. Исто така во март, фамилијата Шели се пресели со Клер и Алба кај Клер Клермонт која роди бебе на 13 јануари и најпрво го нарече Алба, а подоцна Алегра.

Куката Албион на Марлов, Бекинигемшир, голема зграда кај реката Темза. Таму Мери Шери го родила нејзиното трето дете, Клара, на 2 септември. Во Марлоу, тие ги забавуваа нивните нови пријатели Маријана и Ли Хант, кои работеа напорно во своето пишување, и често дискутираа за политика.

Во почетокот на летото 1817 година, Мери Шели ја заврши Франкенштајн, која беше објавена анонимно во јануари 1818 година. Рецензентите и читателите претпоставуваа дека Перси Шели е автор бидејќи книгата беше објавена со неговиот предговор и посветена на неговиот политички херој Вилијам Годвин. Во Марлов, Мери го издаде весникот „Континентално патување“ 1814, додавајќи и материјали напишани во Швајцарија во 1816, заедно со поемата на Перси „Монблан“. Резултатот беше „Историја на шестнеделна турнеја“ објавена во ноември 1817 година.

Есента, Перси Шели често живееше далеку од дома бегајки од кредиторите. На заканите од затвор на должникот во комбинација со неговото лошо здравје и стравувањето од губење на старателство врз децата придонело двојката да ја напушти Англија и да замине за Италија на 12 март 1818, година земајќи ги Клер Клермонт и Алба со нив. Тие немаа намера да се вратат.

Италија

Една од првите задачи по пристигнувањето во Италија беше да се чува Алба во Близина на Бајрон, кој живее во Венеција. Тој се согласил да ја одгледа додека Клер нема да има ништо со неа. Фамилијата Шели водеше скитничка егзистенција, никогаш не остануваа на едно место за долго. Со тек на време, тие натрупуваа круг на пријатели и познаници кои шесто се селеа со нив. Двојката се посвети пишување, читање, учење, разгледување и социјализирање. Италјанската авантура на Мери Шери сепак беше, попречена со смртта на двете нејзини деца- Клара во септември 1818 година во Венеција и Вилијам во јуни 1819 година во Рим. Овие загуби ја ставиле во длабока депресија која ја изолирало од Перси Шели, кој во својата тетратка напишал:

Моја најдрага Мери, каде отиде, Оставајки ме сам во овај мрачен свет? Твојата појава е тука-и е навистина убава- Но ти вешто, избега од жалосниот пат Тоа води кон тага и нејаснотии Поради своја причина не можам да те следам тебе Дали ти се врати за мене.

По некое време Мери Шели најде утеха само во пишувањето. Со раѓањето на нејзиното четврто дете, Перси Флоренс на 12 ноември 1819 година конечно го поткрена нејзиниот дух, иако споменот за нејзините изгубени деца го негуваше до крајот на животот.

Италија условно ги ослободи фамилиите Шели, Бајрон како и други прогонети со политичка слобода, недостижна за дома. И покрај личната загуба Италија стана за Мери Шели „земја чии спомени се насликани како рај“. Годините поминати во Италија беа период на интензивни интелектуални и креативни активности за двајцата. Додека Перси составуваше серија на големи песни Мери ги пишуваше автобиографскиот роман „Матилда“ историскиот роман Велперга и игрите Просерпин и Мида. Мери ја напиша „Велперга“ за да помогне во ублажување на финансиските тешкотии на нејзиниот татко иако Перси одби да му помогне понатаму. таа често физички беше болна и склона кон депресии и исто така мораше да се справи со интересот на Перси за други жени како: Софија, Стејси, Емилија Вивијани, Јана Вилманс.

Бидејќи мери Шели ги делеше неговите верувања во неексклузивноста на бракот, таа формираше емоционална врска почнувајќи од самата себе и помеѓу мажите и жените од нивниот круг. Таа стана посебно приврзана за грчкиот револуционерен Принц Александар Маврокордато, Гејн и Едвард Вилијамс.

Во декември 1818, Шелиеви отпатуваа на југ со Клер Клермонт и нивните слуги во Наполи, каде преостанаа 3 месеци, при што ги посетуваше само докторот. Во 1820, се соочија со обвиненија и закани од страна за Паоло и Елиса Фоги, поранешни слуги, кои Перси Шели ги беше отпуштил во Наполи набргу по венчавката на Фогиеви. Парот открил дека на 27 февруари 1819 година во Наполи, Перси Шели и Мери регистрирале дво месечно бебе како нивно по име Елена Аделида Шели.

Фогиеви исто така тврдеа дека Клер Клермонт е мајка на детето. Биограферите понудија различни толкувања за овие настани: Како Перси Шели одлучил да посвои некое од локалните деца, дека бебето било на Елис, Клара или на некоја непозната жена, или дека била на Елис и Бајрон. Мери Шели инсистираше на тоа дека би знаела кога Клара би била бремена но нејасно е колку таа навистина знае. Настаните во Наполи, градот кој Мери Шели подоцна го нарекуваше рај населен од ѓаволи, единствено сигурно беше дека таа не беше мајка на детето. Елена Адлоид Шели почина во Наполи на 9 јуни 1820 година.

Летото 1822, бремената Мери со Перси, Клери, Едвард и Џејн Вилијамс се преселија во изолираната Вила Магни, На брегот на морето во близина на „Хамлет“ на Сан Торенцо на заливот на Лерици. Откако се населија, Перси ги рашири „лошите вести“ на Клер дека нејзината ќерка Алегра починала од тифус во манастирот на Боњакавало.

Мери Шели беше расеана и несреќна во тесната и далечна Вила Магни, која ја сметаше за затвор. На 16 јуни, абортираше, изгуби толку многу крв што за малку ја избегна смртта. Наместо да го чека докторот, Перси ја седна во бања со мраз за да го сопре крварењето, докторот подоцна му кажа дека со тоа и го спасил животот. Ништо не беше добро помеѓу паровите тоа лето, и Перси поминуваше повеќе време со Џејн Вилијамс отколку со својата депресивна жена. Повеќето од кратките песни коишто Шели ги напиша во Сан Торенцо беа повеќе за Џејн отколку за Мери.

На брегот, на Перси Шели и Едвард Вилијамс им се понуди шанса да уживаат со нивната „совршена играчка во лето„, нов брод. Бродот беше дизајниран од Даниел Робертс и Едвард Трилни, обожавател на Бајрон, кој се приклучи на забавата во јануари 1822. На 1 јули 1822 Перси Шели, Едвард Вилијамс и капетан Даниел Робертс пловеа јужно по крајбрежјето на Ливорно. Таму Пери Шели, Бајрон и Лајт Хант разговараа за лансирањето на радикалното списание „The Liberal“. На 8 јули, тој и Едвард Вилијамс излегоа на ново патување до Лирици со нивното 18-годишно „бродско момче“, Чарлс Вивијан. Никогаш не ја достигнаа целта. Писмо пристигна до вилата Магни „Ве молиме пишете ни како се вративте дома, бидејќи велат имало невреме по вашето исполовување во понеделникот и ние сме вознемирени. „Хартијата ми падна", Мери подоцна им кажа на пријателите „целата се тресев“. Таа и Џејн Вилијамс побрзаа очајнички до Ливорно па до Пиза, со бледа надеж дека нивните мажи се сѐ уште живи. Десет дена по бурата, три тела се појавија на брегот во близина на Вијареџо помеѓу Лаоворно и Лереци. Трелани, Бајрон и Хант, и трупот на Перси Шели на плажата на Вијареџо.

Враќање во Англија и писателска кариера

По смртта на нејзиниот сопруг, Мери Шели живееше една година со Хант и неговото семејство во Џенова каде што често го гледаше Бајрон и ги транскрибираше неговите поеми. Таа реши да живее покрај нејзиното пенкало и за нејзиниот син, Но нејзината финансиска состојба беше несигурна. На 23 јули 1823, таа ја напушти Џенова за Англија и остана со нејзиниот татко и маќеа во Стренд додека мала аконтација од татко ѝ во законот не ѝ овозможи чекор напред. Сер Тимоти Шели прв се согласи да го подржи неговиот внук, Перси Флоренс, само ако му беше предадено старателството Мери веднаш ја одби таа идеја. Наместо тоа таа успеа да извлече годишен надоместок од Сер Тимоти кој требаше да го наследи имотот, но до крајот на неговите денови одбиваше да се гледа со неа лично, комуницираа само преку адвокати. Мери Шели се зафати со уредување на поемите од нејзиниот сопруг, меѓу другите книжевни зафати, но загрижена за нејзиниот син ги ограничи своите опции. Сер Тиомоти се закани дека ако некоја биографија се објави за поетот ќе престане со надоместокот. Во 1826 година Перси Флоренс стана правен наследник на имотот Шели по смртта на Чарлс Шели, син на неговиот татко и Хариет Шили. Сер Тимоти го покачи надоместокот за Мери од 100 фунти на 250, но финансиската состојба остана лоша. Мери Шели уживаше во стимулирачкото општество во кругот на Влијамс Годвин, сиромаштијата ја спречуваше да се дружи со кого сака. Исто така се почувствува избегнувана од страна на оние, како Господин Тимоти кои сѐ уште не ја одобруваше нејзината врска со Перси Буше Шели.

Во летото 1824 година, Мери Шели се преселила во Кентиш Таун во северен Лондон за да биде во близина на Џејн Вилиамс. Според зборовите на нејзиниот биограф Мјуриел Спарк, таа била „малку заљубена„ во Џејн. Џејн подоцна ја разочарала Мери, озборувајќи дека Перси повеќе ја претпочитал неа од Мери. Во тоа време Мери Шели работела на својот нов роман „The Last Man“ (1826), но исто така им помагала на неколку пријатели кои пишувале мемоари за Бајрон и Перси Шели -Ова биле и нејзините први обиди да го направи бесмртнен нејзиниот сопруг. Мери тогаш ги сретнала америкианскиот глумец Џош Хауард Пејн и американскиот писател Вашингтон Ирвинг, кој ја заинтригирал. Пејн се заљубил во Мери и во 1826 година ја побарал за жена. Таа го одбила велејќи дека откако еднаш била мажена за генијалец, можела повторно само за таков да се омажи. Пејн го прифатил одбивањето и пробал да го наговори и неговиот пријател Ирвинг да ја побара за жена, но безуспешно. Мери била свесна за планот на Пејн, но колку сериозно го сфатила не е јасно.

Во 1827 година, Мери Шели била дел од планот кој и овозможил на нејзината пријателка Изабел Робинсон и љубовницата на Изабел,Мери Дијана Додс, која пишувала под псевдонимот Дејвид Линдсеи, да започнат заеднички живот во Франција како маж и жена. Со помош на Пејн, успеала да набави лажни пасоши за двојката, но деталите ги чувала во тајност од Пејн. Во 1828 година се разболела од големи сипаници додека била да ги посети во Париз. По неколку недели оздравела, немала лузни по лицето но била и без нејзината младешка убавина.