Мануил Ивец (11 век) — македонски благородник од познатата фамилија Ивец, роднина на прочуениот Самуилов војсководец Ивец, војсководец на Петар Делјан.

Направил кариера на византискиот дворец, припаѓал на кругот на најдоверливите луѓе на царот Михаил IV (1034–1041). За време на востанието на Петар Делјан (1040–1041), пребегал од Солун и им се придружил на востаниците. Имал видна улога во востаничкото движење и во одбраната на ослободените македонски територии. При крајот на востанието, ја организаирал одбраната на Пелагонија, на Плетвар подигнал дема (дрвена пречка) за да го спречи напредувањето на Византијците. Демата била разурната, а тој бил заробен.Ioannis Scylitzae Synopsis Historiarum, rec. I, Thurn, Berlin, 1973, 411, 40–45, 414, 40–47

Наводи

Категорија:Ивец Категорија:Македонски војсководци Категорија:Македонија во средниот век