Јеховините сведоци се христијанска религиска група во Македонија и се вбројува во малите религиски заедници. Првпат е формирана во САД во 1876 година, а за нејзин основач се смета Чарлс Расел. Името на оваа заедница се користи од 1931 година и произлегува од библискиот Јехова, кого тие го сметаат за Бог-Отец. Првите припадници на оваа религиска група во Македонија се појавиле во Струмица во 1938 година, под влијание на словенечкиот брачен пар Тучек, кој престојувал таму, а првата заедница на Јеховините сведоци била формирана во селото Вељуса, Струмичко во 1957 година. Прв конгрес одржале во селото Колешино во 1973 година. Во Скопје формирале своја група во 1968, а во 1975 година отвориле канцеларија. Оваа верска заедница била регистрирана во поранешна СФРЈ, а во Македонија е пререгистрирана во 1992 година. Во 2003 отвориле нова канцеларија, наречена Бетел.В. Тимовски, Образованието и религијата, Скопје, 2005Бетел во Скопје Заедницата во Македонија публикува неколку списанија од религиски карактер и тоа: Списание „Стражарска кула” (двомесечник) „Разбудете се!” (едномесечник) и брошури и книги.
Јеховини сведоци во Македонија - 2016 Информации Број Јеховини сведоци во Македонија: 1310 Собранија: 38 Број на бесплатни библиски курсеви што се водат: 1002 Присутни на одбележувањето на Христовата смрт: 28562017 Yearbook of Jehovah's Witnesses, c. 176-186Јеховините сведоци ширум светот: Македонија
Наводи
Поврзано Јеховини сведоци
Надворешни врски Официјално мрежно место на Јеховините сведоци
Категорија:Религијата во Македонија Категорија:Јеховини сведоци