мини|десно|280п|Опит „пиштол-епрувета“. Епруветата содржи алкохол и е затворена со тапа. Со загревање на алкохолот, алкохолната пареа се шири и притисокот се зголемува до моментот кога тапата повеќе не држи и излетува од епруветата. Извел: проф. Оливер Зајков. Институт за физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Парен притисок — притисокот на кој при одредена температура пареата е во состојба на рамнотежа со течноста. Исто така, се јавува и рамнотежа на нивните количества, затоа што колку течност испарува, толку и се кондензира.

Притисокот на заситена пареа зависи од видот на течноста и температурата. Доколку температурата расте, расте и притисокот, добивајќи максимална вредност при критичната температура и тогаш се нарекува и критичен притисок затоа што на поголем притисок течноста и не би постоела.

Ако на одредена температура (точка на вриење) притисокот на заситената пареа е еднаков со атмосферскиот притисок, супстанцијата врие.

Притисокот на заситена пареа е еден од параметрите кои ги карактеризираат супстанциите, а особено течностите. Доколку не е наведена температурата при која се добиени податоците за притисокот, тогаш се подразбираат стандардни услови.

Поврзано Апсолутна влажност Релативна влажност Делумен притисок Клаузиус-Клајперонова равенка Температура на испарување Тројна точка Раулов закон

Категорија:Термодинамика Категорија:Хемиско инженерство Категорија:Метеорологија Категорија:Гасови Категорија:Притисок Категорија:Метеоролошки концепти Категорија:Термодинамички својства

fr:Pression de vapeur saturante