Твид (, ) — река која тече низ Граничниот регион во Шкотска и Англија, во должина од 156 км. Извира во Твидсмјур во Твидс Вел близу сливот на реката Клајд, и изворот на реката Анан. Поминува низ целиот Граничен регион. Во долниот тек близу местото Берик на Твид навлегува во Англија и продолжува уште 27 км. Реката Твид е позната по големиот фонд на лосос.
Реката поминува низ неколку позначајни места, и тоа: Пиблс, Галашилс, Мелроуз, Келсо, Колдстрим и Берик на Твид, кајшто се влева во Северното Море.
Долината на реката Твид е интересна од аспект на ледничката историја на Британија. Тлото на долината во која тече реката е драмлинско поле и претставува остаток од прастар ледотек кој поминувал низ областа.
Твид е единствената река во Англија кајшто не треба дозвола за рибарење со трска.
Поврзано Список на места на Шкотските Граници Твидејл Твид - вид ткаенина
Надворешни врски Водни патишта на Британија: Река Твид Страница на Комисијата за реката Твид Фондација Твид River Карта на реката Твид
Категорија:Шкотски Граници
Категорија:Реки во Англија Категорија:Северно Море