Уагадугу (француски и ) — главен град на Буркина Фасо. Исто така, Уагадугу е административен, економски, комуникациски и културен центар на државата. Уагадугу е најголем град во Буркина Фасо со население од околу 1.475.223 жители (2006) Често градот се именува со скратената верзија Уага.
Уагадугу е главен индистриски центар во државата и голем производител на храна и текстил. Во градот се наоѓа аеродромот Уагадугу, железничка линија со Абиџан и Каја и автопат до Нигер. Од културна гледна точка, во градот опстојуваат и повеќе театри, кина, ноќни клубови и слично. Во градот се наоѓа и најголемиот маркет во Западна Африка, кој во моментов е затворен поради голем пожар кој се случил во 2003.
Збратимени градови Квебек, Канада Лион, Франција Гренобл, Франција Торино, Италија Сан Минијато, Италија Лез на Ено, Белгија Кувајт, Кувајт Тајпеј, ТајванOuagadougou and Taipei establish sister cities linkSister city list (.DOC)
Наводи
Поврзано Централен регион Список на градови во Буркина Фасо
Надворешни врски
Официјално мрежно место на Уагадугу План на Уагадугу
Категорија:Градови во Буркина Фасо Категорија:Главни градови во Африка Категорија:Населени места основани во 11 век