мини|десно|250п|Ласерска диода и монета за споредба Оптоелектроника — поле на електрониката кое се занимава со уреди кои емитуваат, востановуваат и контролираат светлина. Ова обично се смета за гранка на фотониката. Во овој контекст, покрај видливите облици на светлосно зрачење под „светлина“ подразбираме и зрачења како гама-зраците, X-зраците, ултравиолетовите и инфрацрвените зраци. Оптоелектронските уреди се претворачи од оптички во електрични сигнали и обратно, или пак инструменти кои користат такви уреди при нивната работа. Честопати се среќава поимот „електрооптика“ како синоним, но ова е погрешно, бидејќи тоа е поширока гранка на физиката која се занимава со сите заемни дејства помеѓу светлината и електричните полиња, без разлика дали се работи за уред.

Оптоелектрониката се заснова на квантномеханичките ефекти на светлината врз полупроводните материјали, напати во присуство на електрични полиња.

Фотоелектричен или фотонапонски ефект, со примена: фотодиоди (вклучувајќи сончеви ќелии) фототранзистори фотомултипликатори интегрално оптичко коло (IOC) - елементи Светлоспроводливост, со примена: фотоотпорници фотопроводливи цевки Уреди со напојни врски (CCD) Стимулирано зрачење, со примена: инјективни ласерски диоди квантни каскадни ласери Лосев ефект, или зрачна прекомбинација, со примена: Светлечки диоди (LED) Фотозрачење, со примена: фотозрачна цевка

Важни примени на оптоелектрониката:

Оптоспојка оптички влакна во телекомуникациите

Поврзано Фотозрачење Фотоелектронска спектроскопија Фотонапонски ефект Стимулирано зрачење

Надворешни врски Преглед на наставниот предмет Оптоелектроника — Електротехнички факултет Скопје Опширен преглед на различни оптоелектронски уреди ОИДА (Здружение за развој на оптоелектронската индустрија)

Категорија:Електроника

Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Неологизми