Железничката станица „Кадина Река“ — железничка станица во Република Македонија која се наоѓа на пругата Скопје - Велес, односно на меѓународниот железнички коридор 10 на линијата Скопје - Гевгелија - Солун. Таа е 5. станица и 8. постојка на овие пруги. Железничката станица Кадина Река е сместена непосредно на десниот брег на реката Вардар во Таорската Клисура, веднаш по утоката на Кадина Река во Вардар. Нејзината оддалеченост од главната станица во Скопје изнесува 30,2 километри. Станицата Кадина Река има функција на железничка раскрсница (разминувачница) и на неа се наоѓаат три електрифицирани колосеци. Во минатото сè до отворањето на стојалиштето Смесница во јуни 2010 година, Кадина Река како железничка станица била користена најповеќе од жителите на Смесница и околните блиски села во долното течение по долината на Кадина Река, а денес главни патници кои патуваат до оваа станица се рибари кои ловат риба во Вардар или планинари кои се искачуваат на планината Голешница, како и капачи кои одат на капење и излети на Кадина Река во летниот период. На железничката станица Кадина Река, сообраќаат и застануваат патничките возови кои одат за Велес, Гевгелија, Битола и Кочани.
Возен ред
Галерија
Наводи
Крива Река