БекешBékés megye100п|Грб на округот 250пРегион Голема јужна котлинаАдминистративен центар БекешчабаПовршина 5.631,05 км2Број на население 338.025 (2018)nepesseg.com, population data of Hungarian settlementsГустина на население 66,8 /км2Број на населени места75Мрежно местоwww.bekesmegye.hu/
Округот Бекеш (на унгарски: Békés megye) e еден од 19-те окрузи на Унгарија сместен во југоисточниот дел на земјата, односно во регионот голема јужна котлина.
Округот Бекеш своите граници ги дели со Романија и унгарските окрузи Чонград, Јас-Наѓкун-Солнок и Хајду-Бихар. Површината на округот изнесува 5.631,05 км2, а седиште и административен центар на округот е градот Бекешчаба.
Географија
Округот Бекеш се наоѓа во рамничарскиот дел на Панонската низина и како таков има доста квалитетно обработливо земјиште, погодно за земјоделство. Просечно во областа паѓа околу 645 mm дожд. Една петтина од произведувањето на гас во Унгарија потекнува од Бекеш.
Реки кои се наоѓаат во округот се:
Киреш Муреш Береѓо Сараз-ер Хортобаѓ-Береѓо 250п|мини|Реката Киреш
Население
Округот, според пописот од 2008 година, има вкупно 376.657 граѓани. Повеќе од 60% од граѓаните во округот живеат во градовите. Освен мнозинството Унгарци, во округот живеат уште и:1.1.6. A népesség anyanyelv, nemzetiség és nemek szerint – Frissítve: 2013.04.17.; Hungarian Central Statistical Office
Словаци - 7.000 Роми - 5.000 Романци - 4.000 Германци - 1.500 Срби - 400
Наводи
Надворешни врски
Официјална страна A Туристички водич Врски на округот За регионот Официјална страна на Бекешчаба Официјалната страна на бањата Ѓуле
Категорија:Окрузи во Унгарија