Валентина Божиновска (родена на година во Скопје) — македонска глумица, политичарка и доктор по филолошки науки. Поранешен директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

Од 1998 до 2002 година пратеник во Собранието на Македонија; од 2005 - 2006 советник на Град Скопје; од 2006 - 2008 пратеник во Собранието на Република Македонија; Претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Собранието на Царството Јапонија; Член на Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Комисијата за европски прашања, Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, Пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Канада, Пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Словенија.

Мажена е за археологот Драги Митревски со кого има една ќерка.

Наводи

Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Пратенички состав 1998-2002 Категорија:Пратенички состав 2006-2008