Ѓер (унгарски: Győr, германски: Raab, словачки: Ráb) е шести по големина град во Унгарија. Ѓор е значајно средиште на Западно прекуданвскиот регион како и главен административен центар на унгарскиот округ Ѓор-Мошон-Шопрон.
Градот има население од 128.808 луѓе според податоците од 2008 година.
Географија
Градот се наоѓа во северозападниот дел на Унгарија, оддалечен само 20 км од границата со Словачка. Од главниот град на државата - Будимпешта е оддалечен 125 км северозападно. Со Будимпешта е поврзан со добри сообраќајни врски - магистралната пруга Будимпешта - Виена со крак за Братислава, како и современиот автопат М1.
Ѓор се наоѓа во северозападниот дел на Панонската низина, во рамничарскиот предел. Климата во градот е умереноконтинетална. Градот излегува на реката Мосон, притока на Дунав, која исто така е и границата со Словачка (20 км северно).
Население
Ѓор денеска има население од околу 130.000 луѓе и е шеститот град по големина во држава (но, прв по најголемиот раст на населението во последните 2 децении). Населението во градот во последните години постојано расте благодарение на зголемување на економијата на многу значајна работна врска Будимпешта - Братислава - Виена.
Најголем број од населението во градот го сочинуваат Унгарците - 95%. Според вероисповеда најголем број на луѓе во градот се католици. Некогашното еврејско и германско население денеска не постои.
Галерија
Интернационални врски
Збратимени градови
Ѓор е збратимен со: Ерфурт, Германија Купио, Финска Синделфиген, Германија Колмар, Франција Брианск, Русија Брашов, Романија Назарет, Израел Вухан, Кина Пожан, Полска Монтевидео, Уругвај
Наводи
Надворешни врски
Мрежно место на туристичката организација на Ѓор Воздушни фотографии Страна - портал
Категорија:Градови во Унгарија