„Бунтовник“ () бил весник кој излегувал во Софија во периодот 1898 - 1899 година како неофицијален орган на Задграничното претставништво, односно на Македонската револуционерна организација, преку кој се претставувале целите и намерите на Организацијата во однос на Македонското прашање.

Уредник

Главен и единствен уредник на весникот бил Ѓорче Петров кој во тој период во Софија, покрај Гоце Делчев бил нелегален претставник на Организацијата и како задграничен претставник ги застапувал и штител нејзините интересите .

Дејност

Весникот се печател на бугарски јазик и неговото издавање било тајно, нередовно и ненумерирано. Во своите спомени Ѓорче Петров истакнува дека тој издал 11 броеви во ограничен тираж и го растурал на помали групи на лица кој се интересирале за македонското револуционерно дело.

Весникот бил наменет за македонска емиграција како и бугарскиот народ со цел да се придобијат нивните симпатии кон Организацијата, но весникот бил растуран и во Македонија за да се придобие и македонското население кон револуционерното дело.

Од овој весник се сочувани само три броја и врз основа на нив може да се заклучи дека целта на „Бунтовник“ била да се коментира Македонското прашање и да се пропагира револуционерна борба.

Најголемиот дел од текстовите се на Ѓорче Петров преку кој тој агитирал за револуционизирање на населението и за кревање на едно можно идно востание.

Односот на бугарското општество кон весникот

Бугарскиот трговски агент Атанас Шопов од Солун во еден свој извештај до бугарскиот премиер истакнал:

Овој извештај бил испратен во 1898 година кога Ѓорче Петров го издавал „Бунтовник“ и јасно е дека таквата дејност била во согласност на самата Организација.

Ѓорче Петров поради својата, покрај другото и издавачка дејност дошол во судир со бугарските oпштествени кругови и затоа Димитар Ризов во јули 1898 година до бугарскиот премиер Констатнин Стоилов инсистирал Ѓорче Петров:

Извори

Категорија:Бугарски весници Категорија:Весници на Македонската револуционерна организација