Битка кај Маргара e борба водена помеѓу здружените чети на Македонската револуционерна организација против османликата војска кај село Чаниште, Мариовско во екот на Илинденското востание.
Битката
Битката започнала утрото на 2 октомври 1903 година. Здружените чети (околу 140 души) на чело со Ѓорче Петров, Лазар Поп Трајков, Иван Попов, Лука Иванов и Јован Иванов (Црногорец) го зазеле врвот Марагара и започнале борба со една пешадиска бригада која се состоела од 5 500 турски војници. Четите успешно ги одбивале нападите по што се повлекле преку Црна Река Пандев, Манол. Македонското ослободително дело во XIX и XX век, II, Скопје, 1987. Востаниците имале 4 загинати и 8 ранети додоека пак Турците имале загуби од околу 200 - 400 души. Оваа битка била една од најголемите битки водени во Прилепско во текот на Илинденското востание.
Извори
Категорија:Битки во Илинденското востание