За телохранителот на Александар Македонски, види Ариба (соматофилакс)
Ариба (грчки: )Двојна форма: Аримбас, Ариба (373 п.н.е. - 343 п.н.е., 330 п.н.е. - 319 п.н.е.) — крал на Молосијците, син на Алкет, брат на Неоптолем I, дедо на Пир Епирски.
Ариба своето образование го стекнал во Атена. Кога се вратил во Молосија го напишал уставот за Молосијците и низа закони.Ибид, стр. 89.
Ариба се оженил со Троа (сестра на Олимпијада). Некаде околу 360 п.н.е., за време на Илирскиот напад, Ариба го евакуирал цивилното население во Етолија дозволувајќи им на Илирите слободно да навлезат и пљачкаат. Стратегијата функционирала, Молосијците ги нападнале Илирите кои натоварени со пленот тешко се движеле, што било можност за војската на Аримба да ги порази.Диодор Сицилиски, Библиотека. Книга 14.92, 15.2, 16.2. - FrStrat2.5.19
Аримба едно време бил во сојуз со Филип II Македонски. Сојузот бил зацврснат со женидбата на Филип со Олимпијада, ќерката на Неоптолем, односно внука на Аримба. Во бракот на Филип и Олимпија се родил Александар Македонски.
Ариба владеел со Епир сè до 342/1 п.н.е., кога бил симнат од престолот од страна на Филип II, а на престолот бил поставен Александар I.
Син на Ариба бил Алкет II, кој владеел како крал на Епир од 313 п.н.е. до 303 п.н.е. Тој можеби бил Ариптеј, крал на Молосијците спомнат од Диодор 18.11.1, кој се здружил со хелените во таканаречената Ламиска Војна.
Ариба исто така бил победник на Олимписките и Питиските игри во тетрипон (chariot race).
Наводи
Литература
www.blackwellreference.com Кој е Кој во времето на Александар Македонски, Валдемар Хекел ISBN 9781405112109 (2005) books.google.com Спорт во античкиот свет од А до Ш, Марк Голден ISBN 0415248817 (2004) IG II² 226 Attica ca. 343/2 BC. Heskel, Julia, 'The Political Background of the Arybbas Decree', GRBS 29 (1988)
Категорија:Владетели на Стариот Епир Категорија:Натпреварувачи на Античките Олимпијади Категорија:Атлети на Античките Питиски Игри Категорија:Натпреварувачи на Античките олимписки игри