Борба за Македонија или Вооружена пропагандна војна во Македонија — вооружен конфликт од 1895 до 1908 година во Отоманското Царство за Македонија помеѓу врховистичките, грчките, српските чети и четите на Македонската револуционерна организација (МРО). Овој конфликт е само кулминацијата од дејствувањето на трите поголеми пропаганди во Македонија, кој работеле за остварување на националистичките планови на нивните држави, а од другата страна била Македонската револуционерна организација, таа се залагала за самостојно работење и борба за извојување на човекови права и слобода преку едно внатрешно востание. Врховистичките, грчките и српските чети ја имале поддршката на Бугарија, Грција и Србија, а грчките чети, поради отворениот Турцизам, ја имаале наклонетоста и на самата империјата, но андартите често се откажувале од помошта на османлиската војска и се здружувале со четите на Српското четничко движење. На територијата на Македонија грчките чети се судрувале и со Власите кај кој била силна романската пропаганда како и со дејците на албанското националноослободително движење. Во текот на Младотурската револуција во Македонија, според турските извори, имало околу 110 чети на Македонската револуционерна организација, 80 андартски чети, 20 српски и 8 влашки чети.

Најзначајните артефакти од овој период се изложени во т.н. „Музејот на македонската борба“ во Солун посветен на неа.

Причини Берлинскиот конгрес оставил голем број на отворени прашања кој останале потенциални жаришта за нови конфликити и кризи. Меѓу многуте прашања бил и членот 23 кој останал не реализиран, а кој вешто бил изманипулиран од страна на Отоманското Царство со т.н Нов закон за европските вилаети, а тоа оставило простор за пресметки помеѓу државите на Балкански Полуостров чии интереси се судрувале во Македонија Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет.

Најголеми претензии врз Македонија имало новото бугарско кнежевство, македонското прашање го заземало централното прашање во надворешната политика на Бугарија, секоја бугарска влада се залагала за присоединување на Македонија кон Бугарија и реализирање на санстефанскиот идеал. Главната официјална цел на Софија по обединувањето на кнежевството Бугарија и Источна Румелија, е Македонија да добие автономија, а потоа да биде присоединета кон бугарската држава, отука Бугарија претендирала на целата територија на Македонија.

Освен Бугарија претензии на Македонија имале Грција и Србија, а Македонија била од второстепено значење за Романија и Црна Гора. Затоа Бугарија, Грција и Србија ги засилиле своите пропаганди во Македонија со цел да се стекнат со што подобри позиции. Нивната цел била да се:

Овие три балкански држави започнале пропагандна војна во Македонија, но нивните планови со текот на времето биле попречени од страна на Македонската револуционерна организација.

Таа организација имала за цел, да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста и извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области.

За полесно постигање на таа цел Организацијата се борела да ги премавне шовинистичките пропаганди и национални расправии, кои го цепеле и ослабувале македонското и одринското население во неговата борба против општиот непријател Устав на ТМРО на викиизвор. или како што Иван Хаџи Николов истакнал:

Оваа Организација во текот на неколку години успеала да го обедини и предводи населението во Македонија да создаде своја паралена власт во Отоманското Царство, која е позната како Подземна република и преку своите институции да контролира поголем дел од територијата на Македонија, а притоа секогаш се залагала за идеалот Македонија на Македонците.

Со таквата дејнст Организација била пречка за оставрување на замислените планови на балканските држави, отука нивната пропаганда започнала да поприма и друг карактер односно тие почнале да формираат чети и да ги уфрлуваат со што започале борба со Македонската револуционерна организација за контрола на територијата на Македонија.

Први провокации

Мелничко востание

мини|лево|150п|Трајко Китанчев

Првата провокација била направена околу година дена по основањето на Македонската револуционерна организација и затоа таа сѐ уште не можела сериозно да се спротивстави.

Организатор на првите чети во Македонија бил Македонскиот комитет подоцна познат како Врховен комитет од Софија на чело со Трајко Китанчев.

Овој Комитет бил организација на македонска емиграција која се залагала автономија за Македонија и тие сакале да го привлечат вниманието на Големите сили за решавање на Македонското прашање но целата акција била злоупотребена од бугарскиот двор и влада Независно од злоупотребите на бугарскиот двор и влада, македонскиот комитет е организација на македонската емиграција во Бугарија. Во неа членувале Македонци, а помалку Бугари. Повеќето од нив биле искрени македонски патриоти. Меѓутоа, во МК се вовлекле доверливи луѓе на бугарската политика, разни профитери, кариеристи, авантуристи, случајни сопатници, квазипатриот, дури и арамии. Инволвирањето на таквиот профил во МК, се одразило на неговата активност, а посебно врз македонското ослободително дело и МРО.... види Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт...187.

Акција станала позната како Мелничко востание, на воен план завршила катастрофално имало голем број на загинати, ранети и заробени. По акцијата бугарската влада ја откажала поддршката за Македонскиот комитет и почнала да ги собира плодовите од оваа авантура.

Имено во почетокот на 1896 година кнезот Фердинанд I бил признаен за законски владетел на Бугарија од Русија, западно европските држави како и од Отоманското Царство, а Бугарија себеси се претставила како фактор од кој зависи безбедноста и мирот на Балканскиот Полуостров За некој, Кнезот и владата биле измамници, а Македонците измамени, Фердинанат и владата си подиграле со патриотските чувства на Македонците... Ванчо Ѓорѓиев,Слобода или Смрт... 202. Меѓутоа таа авантура била преседант за идните акции или како што истакнал Крум Христов:

Андартска провокација

мини|лево|300п|Четата на Давели

По Мелничкото востание на Македонскиот комитет во 1895 година, грчкиот печат во Атина започнал силна пропаганда за наводна загрозеност на грчките интереси од страна на Бугарите .

Се организирале митинзи против Отоманското Царство и се повикувало на оружје за одбрана на грцизомот во Македонија. Кампањата својата кулминација ја достигнала со изјавите на грчкиот крал и грчкиот престолонаследник Констатнтин.

Кралот од своја страна изјавил дека Македонија е загрозена, а не Крит додека пак Константин изјавил дека никој нема да може да ја спречи војната и избувнувањето на револуцијата во Македонија Р. Поплазаров, Великогрчката политика на Кралството Грција спрема Македонија во втората половина на XIX век.

Во мај 1896 година критските револуционери незадоволни од статусот на островот ја блокирале турската војска во градот Вамос, а тоа било сигнал за започнување на востанието.

Веднаш потоа Етники етерија започнала со праќање на андартски чети во Македонија.

Акцијата била изведена од татктички причини, требало да се одвлече вниманието на Отоманското Царство од Крит и да се насочи кон Македонија за да се подобри положбата на критските револуционери, да се предупредаат турските власти да не праваат отстапки на бугарската пропаганада на штета на грчките интереси, на Европа и Бугарија да им се покаже дека и Грција има претензии кон Македонија и на крај военопсихолошка подготовка на Грците за престојната Грчко - турска војна. Оваа акција на Етники етерија, ја отворила вратата за идните андартски чети.

Втора врховистичка провокација

Во текот на Грчко-турската војна во 1897 година официрите Јордан Венедиков и Морфов го организирале вториот врховистички продор. Имено тие во Бугарија успеале да убедаат одреден број на Македонци да навлезаат во Македонија.

Била формирана чета под команда на Крсто Захариев, а во четата се нашол и Јане Сандански.

Во април 1897 година четата се нашла во Македонија, таа најпрво поминале низ Кресна, а кај селото Пирин имале судир со аскерот по што се упатиле кон Неврокоп и Банска река, каде што имале уште едена борба. Последниот судир со турскиот аскер, четата го имала кај с. Љапово притоа загинал четникот Никола, а Јане Сандански бил ранет. По овој судир четата се повлекла кон Бугарија, а Јане Сандански по акцијата се заколнал дека додека не дознае како стојат работите со делото нема да стане никому орудие Спомени на Яне Сандански..., 12.

Сета акција немала реална шанса за успех, имено бугарската влада повеќе не го поддржувала комитетот, а од друга страна пак таа била неутралана во Грчко-турската војна со цел за да добие отстапки од Високата порта во корист на бугарската пропаганда во Македонија.

Борби со врховистите

Горноџумајско

мини|лево|130п|Иван Цончев

Иван Цончев веднаш откако го презел Македонскиот комитет во свој раце започнал со организирење и препраќање на чети во Македонија. Овие врховистички чети биле составени од разни арамии и морално пропаданти луѓе.

Пионири на врховизмот во Македонија биле: Хаљо, Дончо Златков, Иван Карасулијата, Ангел Спанчовалијата, подофицерот Лазов.

Во летото 1901 година од левата и десната страна на реката Струма се нашле две врховистички чети. Едната под команда на капетанот Јурдан Стојанов а другата на чело на Пашалијата. Присуството на овие врховистички чети на територијата на Македонија неминовно воделе кон судир со четите на ТМОРО. Набргу во овеј крај се нашла четата на чело со Сава Михајлов и Јане Сандански и тие ги повикале врховистичките чети на јавен двобој пред населението, но врховистите од своја страна одбиле.

Во октомври 1901 година во селото Лагадош се нашла врховистичката чета на чело со подофицерот Михаил Лазаров Х. Силјанов, цит, дело, т1, 161. Тој дошол во судир со Сава Михајлов при што бил разоружен и принуден да се врати во Бугарија Спомени на Сава Михајлов..., 87-88.

Овој судир во Лагадош бил повод за Дончо Златков да се нафрли и врз Горно Џумајско, тој од своја страна испратил неколку заканувачки писма до Сава Михајлов во кој од него побарал да бидаат вратени запленетите врховистички пушки од Лагадош, во спротивно се заканил дека ќе запали се.

Истовремено врховистичите чети презеле разни активности за поткопување на авторитетот на ТМОРО кај македонското население. Врховистите агитирале дека тие ќе доставаат пушки и тоа за безпари, и на тој начин успеале да привлечаат дел од незадоволното население, првенствено она кое дало пари а не добило пушки, кон нив се приклучиле и оние на кои ТМОРО насила им собирала пари како и разни работници на ТМОРО кој на разни начини се огрешиле кон оваа организација.

На тој начин кон ВМОК се придружил Смилјан Димитров, раководителот на ТМОРО од село Падеж, тој кај себе ја прибрал повторно вратената врховистичка чета која била разоружана кај Лагадош Спомени на Сава Михајлов..., 89.

Демихисарско

Во есента 1901 година во демихисарско се нашле две врховистички чети едната на Дончо Златков, а другата на Касапчето. Тие дошле во судир со четата ТМОРО предводена од дедо Иљо Крчовалијата. При овој судир Дончо бил ранет и се вратил во Бугарија додека пак Касапчето и Ангел Спанчовалијата подоцна биле разбиени на Пирин Спомени на Иван Атанасов Грчето..., 142. Дончо Златков откако ќе закрепне во Бугарија ќе се најде во Петричко и отворено ќе застане на страната на Иван Цончев.

Петричко

мини|лево|120п|Стојко Бакалчетомини|лево|120п|Дончо Златковмини|лево|120п|Иван Карасулијата

Пионир на врховизмот во Петричко бил Стојко Бакалчето, поранешен раководител на ТМОРО во селото Игуменец. Бакалчето во почетокот на 1901 година злопотребил 12 лири на ТМОРО и поради тоа бил осуден на смрт но успаал да ја избегне ликвидацијата и да издејствува помилување Спомени на Христо Куслев..., 120.