Елпида (Пида) Ставрева Караманди (Лерин, - Лавци, Битолско, ) — македонска комунистка, учесничка во НОБ и народна хероина од влашка народност.
Животопис thumb|left|300п|Елпида Караманди на излет за Ѓурѓовден, 1938. Десно од неа е Стив Наумов лево|мини|Гробот на Караманди во Буковските гробишта во Битола Родена е во влашко семејство во Лерин, Егејскиот дел на Македонија. Се преселила во Битола откако мајка ѝ се премажила. Елпида во Битола завршила гимназија. Од нејзините школски другари/ки од битолската гимназија потекнуваат револуционери како што бил и Стефан Наумов - Стив. Уште во гимназијата била политички активна, се истакнувала во книжевната дружина, на излети, во читање и растурање летоци, во судирите со реакционерната група на Љотиќевците.
Во 1938 година Елпида Караманди заминала на студии во Белград и се приклучила кон напредното студенско движење. Меѓу напредните студенти/ки имало многу ученици на битолската гимназија, која таа ги познавала и одржувала врски со нив.
Во 1939 година таа била примена во СКОЈ, после што работела поинтензивно. Била вешта во регрутирањето на нови активисти од редовите на младината.
Учество во НОБ По капитулацијата на Кралство Југославија, таа работела на подготовките за вооружена борба. Во КПЈ била примена во јуни 1941 година. Револуционерните задачи станувале тешки, опасни и барале максимална посветеност. Караманди раководи со групите во градот, ги извршувала задачите на СКОЈ и посебно по партиска линија. Нејзината партиска активност ја забележала окупаторската полиција при што ја уапсиле.
Во полицијата таа храбро се држи и ништо не признава. Пуштена била од затвор, но знаела дека полицијата ја следи, па затоа по совет на Месниот комитет на КПЈ за Битола таа се повлекла во илегала.
Во јануари 1942 година станала членка на Покраинскиот комитет на СКОЈ за Македонија. Како илегалка не можела да развива голема активност и се подготвувала за на пролет да оди со партизаните.
На 22 април 1942 година пристапила кон Битолскиот партизански одред „Пелистер“, но веќе на 3 мај 1942 година одредот бил опколен од бугарска војска и полиција. Во повеќечасовната борба Елпида покажала извонредна храброст. Еден митралески рафал тешко ја ранил. Потполно немоќна да изврши самоубиство била фатена од полицијата. Храбро го поднела мачењето при што умрела. Била фатена и жива врзана за една запрежна кола, со која била влечена низ битолските села додека не починала.
За Народен херој на Југославија е прогласена на 11 октомври 1951 година.„Народни херои од Македонија“, Наша книга, Скопје, 1973, стр. 173
Нејзината смрт е опеана во познатата народна песна „Таму ле, мајко, близу Битола“, напишана од Ајри Демировски (1950).Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 131-134-135. Исто така, песна за Елпида Караманди има испеано и Сашка Петковска.Сашка Петковска - Песна за Елпида Караманди
Наводи
Надворешни врски
Narodni heroji Jugoslavije Битола турист инфо
Категорија:Народни херои на Југославија од Македонија Категорија:Македонски партизани Категорија:Македонски Власи Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна Категорија:Македонски општественици Категорија:Починати во Лавци (Битолско)