Коритос или Коритон (латински: Qorytos/Qoryton) бил средновековен град-тврдина на патот Скопје – Струмица, оддалечен на еден ден одење од Скопје. Забележан е кај географот Идризи како Курта. За градот има само уште две изворни вести од XII и XIII век. Коритос се идентификува со овчеполско Ѓуриште.Т. Томоски, Каде лежел градот „Qorytos“?, Македонија низ вековите. Градови, тврдини, комуникации, Скопје, 1999 Некои историчари сметаат дека овој град всушност бил Кратово, и дека впрочем ова е средновековното име на градот.

Наводи

Категорија:Средновековни градови во Македонија