Лука Ѓеров (познат и под имињата Лука Геров и Лука Џеров; во — во ) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член, раководител и војвода на Македонската револуционерна организација.Кратка биография на Лука Джеров
Животопис
Роден е на 27 октомври 1870 година во Битола. Основно образование завршил во родниот град, а потоа ја завршил и Солунската егзархиска гимназија.
Со револуционерна активност почнал да се занимава во својот град пред создавањето на Организацијата. Во неа е вклучен лично од Даме Груев. Во 1892 година, во Софија, соработувал во списанието Лоза (1892-1894) и во весникот Глас македонски (1893-1898). На двапати со чета влегува во Македонија.
Учествувал во Мелничкото востание во 1895 година.
Во 1896 година е именуван за учител во Демирхисарско а потоа во Кичево (1897-1898). За својата револуционерна активност одлежува нешто повеќе од една година во турските затвори во Кичево и Битола. По излегувањето од затворот присуствувал на Смилевскиот конгрес и бил избран за началник на Кичевскиот востанички реон.
При востаничкиот напад на Кичево, командувал со одред од 200 востаници. По востанието се повлекол во Бугарија и таму и се приклучил на Серската група.
Умира во Софија, на 20 септември 1948 година.Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 45.
Именувања
По него е именувана улица во Скопје.
Белешки
Наводи
Надворешни врски СПОМЕНИ - ЛУКА ЏЕРОВ
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Учесници во Илинденското востание Категорија:Дејци на Привременото претставништво на поранешната Внатрешна организација Категорија:Учесници во Мелничкото востание Категорија:Борци против грчката вооружена пропаганда во Македонија