Ричард III (англиски: Richard III) — крал на Англија во периодот од 1483 до 1485 година. По потекло бил од династија Јорк и бил последниот крал на Англија од оваа династија. Во историјата е познат и како Ричард Грбавиот.

Тој е роден на 2 октомври 1452 година, како единаесетто дете на Ричард Јоршки. Тој бил прогласен за трет војвода од Глостер, по качувањето на престолот на неговиот брат Едвард IV во 1461 година. По неговата смрт, Ричард успеал да го узурпира кралскиот престол на Едвард V, тврдејќи дека бракот на Едвард IV и Елизабета Вудвилска бил незаконски, па од овде и нивните синови немале право за претензии кон престолот. Едвард, заедно со својот помал брат Ричард биле испратени во Лондонската кула, наводно дека таму би биле побезбедни. Сепак, двата принцеви никогаш повеќе не биле видени живи. Се смета дека биле убиени по нарачка на Ричард III, и покрај тоа што тоа сѐ уште не е целосно докажано.

Така, Ричард на 6 јули 1483 година бил крунисан за новиот крал на Англија. По само четири месеци од неговото владеење, избувналои востание кое било организирано од страна на неговиот поранешен соработник Хенри Стадфорд, кој го поддржувал Хенри Тјудор, војвода од Ричмонд, кој по потекло бил од династија Ланкастер. Сепак, востанието било задушено, но многу бргу Хенри успеал да мобилизира нова армија. Во Битката кај Босфорт, Ричард претрпел пораз и бил убиен.

По неговото убиство, на престолот се качил Хенри VII, време во кое Англија се стабилизирала како земја, со завршувањето на т.н. Војна на розите.

Откривање на останките Местото на погребување на Ричард III било непознато повеќе од пет века. По неговата смрт во Битката кај Босворт во 1485 година, бил погребан во францисканскиот манастир Грејфрајарс во Лестер. По уривањето на манастирот во 1538 година за време на распуштањето на манастирите, точната местоположба на неговиот гроб била заборавена.

Во 2012 година, археолози од Универзитетот во Лестер, во соработка со Richard III Society, започнале ископувања на местото каде што се претпоставувало дека се наоѓал манастирот, денес паркинг во центарот на Лестер. На 25 август бил откриен човечки скелет во хорот на поранешната манастирска црква, каде што според историските извори бил погребан Ричард III. лево|мини|Современиот гроб на Ричард III во Катедралата во Лестер, со неговото мото „Loyaulte me lie“ („Верноста ме обврзува“) од десната страна. Форензичките испитувања покажале дека скелетот му припаѓал на маж со изразена сколиоза и повеќе повреди здобиени во битка, вклучувајќи смртоносни рани на черепот. Идентитетот бил потврден со анализа на митохондриска ДНК, која се совпаднала со ДНК на живи потомци по женска линија на сестрата на Ричард III. На 4 февруари 2013 година Универзитетот во Лестер официјално објавил дека пронајдените останки му припаѓаат на Ричард III.

На 26 март 2015 година неговите останки биле свечено повторно погребани во Катедралата во Лестер. Откривањето на неговиот гроб се смета за едно од најзначајните археолошки откритија на XXI век.

Наводи

Поврзано „Ричард Трети“, драма од Вилијам Шекспир

Категорија:Родени во 1452 година Категорија:Починати во 1483 година Категорија:Англиски монарси Категорија:Англичани од француско потекло Категорија:Римокатолички монарси Категорија:Династија Јорк Категорија:Династија Плантагенет Категорија:Луѓе од Војната на розите 301 Категорија:Претенденти за францускиот престол Категорија:Витези на Подвеската Категорија:Европски монарси од 15 век Категорија:Витези на Бањата Категорија:Починати во 1485 година