Телото на комарецот е тенко и нежно, а на него се наоѓаат долги пипала и сам еден пар крилја.
Особености Усните органи на комарецот се претворени во долго рило за бодење, но во целост се развиени само кај женките. Со тоа рило женките бодат различни животни, но и луѓе и ја цицаат нивната крв. Меѓутоа, мажјаците не се хранат со крв, туку со растителни сокови. Тие умираат веднаш по парењето, а женките ги полагаат јајцата во непроточна вода или на влажни места. Од јајцата изчегуваат ларви кои немаат крилја и по некое време се преобразуваат во возрасни, крилати комарци. Комарците се особено чести во тропските подрачја, но живеат насекаде низ светот , до вода. Познати се дури 3100 видови, а многу од нив пренесуваат причинители на маларија, тропска треска, воспаление на мозокот, филаријазис, жолта треска и елефантијаза. Во најголемиот дел од светот маларијата е сузбиена со уништување на комарците, а тоа вршено и со сушење мочуришта и употреба на инсектициди кои ги убиваат.
Комарците како тема во уметноста и во популарната култура „Комарци“ — кус расказ на македонскиот писател Климент Булоски (под псевдонимот Дозгулпмус) од 2008 година.Дозгулпмус, Тритонус, Темплум, Скопје, 2008. „Комарецот и лавот“ — басна на Езоп.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 15-16. „Мрежа за комарци“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 93. „Комарец“ — песна на македонската поетеса Љубица Шопова од 2020 година.Љубица Шопова, Форми во создавање. Скопје: ПНВ Публикации, 2020, стр. 55.
Наводи